Одржан првиот модул од „Академијата за социјална економија”
Од 18 до 20 ноември 2022 во Врање-Србија, се одржа првиот модул од Академијата за социјална економија на која учествуваа претставници на 4 постоечки социјални претпријатија и 8 нови иницијативи за социјални претпријатија од кај нас и од Србија. Во рамки на првиот модул од Академијата, преку водството на професионалните обучувачи учесниците научија како подобро да го развијат нивниот бизнис модел, маркетинг и финансиски план, да ги подобрат нивните услуги и менаџерски вештини и да изградат попартиципативна култура во своите претпријатија. По завршувањето на модулот тимовите добија и практични задачи прилагодени за нивните специфични потреби и потенцијали кои треба да ги завршат до почетокот на следниот модул. Обучувачи на првиот модул беа Влатко Данилов, Милош Антиќ и Тања Бјелановиќ.
Она што беше највпечатливо на овој настан, беше посебната убава енергија која што постојано струеше помеѓу учесниците, нивната активност и желбата да се научи што повеќе. Покрај сите овие прекрасни работи и една убава приказна постојано кружеше овие 3 дена. Имено, еден од тимовите што се натпреваруваа доби симболична, но истовремено и доста значајна награда за сите нас кои сме вклучени во овој проект и воопшто во социјалното претприемништво и една од примарните задачи ни е промовирање на социјалните претпријатија од пограничниот регион кај нас и во Србија. Станува збор за вино “АРНО”, кое го носи името на нашата организација, се произведува од македонско грозје од страна на три млади и амбициозни девојки од Врање, Србија, со поддршка од своите родители. Виното кои овие три девојки успеале да го направат, претставува бренд на овој град кој на најдобар начин, ширум светот, го претставува југот на Србија и добива признанија за квалитет ширум светот.
„Оваа приказна беше доста интересна за сите нас, бидејќи и целта на проектот е развој на едно поинклузивно општество преку зајакнување на социјалните претпријатија во прекуграничниот регион со Србија и поттикнување на нивна прекугранична соработка.“ изјави координаторката на проектот Јасмина Саид од АРНО.
Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се спроведува во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и Tраг фондација (координатор) финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).