Од Скопје до Сингапур – социјално претприемништо, волонтирање  и зошто сме им потребни на младите луѓе image

Од Скопје до Сингапур – социјално претприемништо, волонтирање и зошто сме им потребни на младите луѓе

На 07 септември тимот на АРНО  беше дел од завршниот настан на проектот „Иницијатива за поддршка на развојот на волонтерските програми за НВО“ на Peace Corps. Целта на овој проект беше да работи со организации, кои преку  пружената обука и менторство требаат да воспостават свои или да ги зајакнат постоечките  волонтерски програми. Во име на АРНО на обуките учествуваше Симона Славкова.  На завршниот настан кој се одржа на 07.09 во Јавна Соба – Скопје, Симона презентираше дел од нашите активности поврзани со волонтерството и успесите на нашите волонтери. 

„Волонтерството навистина може да направи позитивни промени во нечиј живот, а за тоа е потврда и приказната за нашата волонтерка Милијана. Откако започнав со работа во АРНО имав можност да ја запознаам Милијана- ученичка во СУГС Раде Јовчевски Корчагин која волонтираше на проектот SEED.  Во рамки на нејзиното волонтирање таа ја водеше веб страната на проектот, учествуваше на сите обуки, и имаше плус задачки од нашиот тим. Милијана ги преточи сите свои искуства од социјалното претпримеништво во есејот со кој аплицираше за стипендија на двегодишна размена на Соединетите Светски Универзитети во Југозападна Азија (Сингапур). Таа самата ни сподели дека токму проектот и волонтирањето и било инспирација за овој чекор. Нам тоа пријатно не изненади. Ете како волонтирањето може да однесе некој од Скопје во Сингапур, а некого да го израдува и мотивира уште повеќе да работи со волонтери.” – изјави Симона Славкова, проектен асистент во АРНО.

АРНО упатува благодарност до организаторите и смета дека вакви обуки овозможуваат да се воспостават подобри волонтерски програми преку кои организациите би им понудиле на младите луѓе можности за вклучување во волонтерската работа

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК