Младите од проектот RISE учеа стратешки комуникации со експертот Бојан Кордалов image

Младите од проектот RISE учеа стратешки комуникации со експертот Бојан Кордалов

Во рамките на проектот RISE  на 26-ти јануари 2022 година беше одржана работилница за стратешко комуницирање, проследена со презентација за успешен pitching. Работилницата ја водеше експертот за комуникации Бојан Кордалов кој на оригинален и непосреден начин направи одличен вовед во темата, даваше релевантни примери за изработка на комуникациски план, корсесподенција со клиенти, придобивање на  таргет групи за кој е наменет производот или услугата која ја нудат социјалните претпријатија.

Работилницата се спроведе во динамична атмосфера и беше конципирана да понуди одговори на претходно подготвените прашања на младите од тимовите (за што учесниците добија искрени пофалби од предавачот и аплауз за длабочината и релеватноста на прашањата). По работилницата на Бојан Кордалов следеше презентацијата на Олга Рајчиќ за pitching (успешно претставување на идеи), сo насоки како тимовите да направат што поуспешни презентации на нивната финална презентација пред прогласување на победниците кои ќе продолжат во следната инкубациска фаза. Работилницата се спроведе онлајн на платформата Zoom. 

Експертска работилница со гостин-предавач Бојан Кордалов

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Наши поддржувачи
Rockefeller Erasmus UNFPA UNDP Social Impact Award