(Обновена верзија)Пријави се за Младински форум за економска демократија – 19 јуни 2025
Како изгледа пофер економска иднина од перспектива на младите? Дали е можно вработените да бидат и сопственици и одлучувачи? Овие прашања ќе бидат во фокусот на младинскиот форум „Youth Forum on Economic Democracy and Employee Ownership/Младински форум за економска демократија и сопственост од страна на вработените“, кој ќе се одржи на 19 јуни 2025 година во Europe House Skopje.
🔗 Регистрација: Пополнете ја пријавата на овој линк. Работен јазик на настанот е англиски.
Настанот има за цел да отвори простор за дијалог за економска демократија, култура на работа и учество на младите во креирањето на пофер работна средина.
Програмата ќе вклучи (линк до целосна агенда):
- Презентации и дискусии за ЕСОП моделот – форма на сопственост каде вработените имаат удел и збор во одлучувањето;
- Разговори за економска демократија како фер алатка за младинско учество;
- Истражување на културата на работа и човечкиот капитал;
- Отворена дебата за тоа како младите го замислуваат идеалното работно место.
На форумот ќе учествуваат говорници од Словенија и Македонија, кои доаѓаат од универзитети, истражувачки институти, граѓански организации, бизнис секторот и меѓу младинските претприемачи. Настанот е отворен за сите млади заинтересирани за темите на економска правда и работна демократија.
📍 Локација: Europe House Skopje
🗓 Датум: 19 јуни 2025 година
🕙 Време: 10:00 – 16:00 часот
За учесниците кои патуваат надвор од Скопје, патните трошоци се покриени.
Проектот „Обликување на иднината на трудот: младинска демократска работна средина за општествени промени“ е имплементиран од Институтот за економска демократија – Словенија (координатор) и Здружението за социјални иновации „АРНО“ – Северна Македонија. Проектот е финансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија. Преку овој проект се развиваат различни активности и ресурси за промовирање на модели на сопственост на вработените, демократско управување и социјални иновации, овозможувајќи им на младите активно да учествуваат во обликувањето на иднината.

