Младинска размена: преку спорт до подобро ментално здравје image

Младинска размена: преку спорт до подобро ментално здравје

Во рамките на проектот „For Unlimited Energy Levels – Empowerment through Sport (FUEL)“ во период од 11 до 18 јули во Букурешт, Романија 8 учесници (Симона Станчева, Дона Станчева, Мила Ќурчинска, Уран Рамадaни, Егзон Дурмиши, Медина Бабачиќ, Симона Петкоска, Благица Смилкова) номинирани од страна на АРНО учествуваа во младинска размена. Вкупно 37 учесници од 5 земји имаа можност да искусат  како спортот може добро да влијае на менталното здравје. Учество земаа лица кои активно спортуваат и лица кои не се спортисти и времето најчесто го поминуваат на интернет. На оваа размена покрај сите физички предизвици учесниците си ги поставија и своите цели, зборуваа за нивните идоли, дебатираа на теми што е важно во спортот и креираа креативни видеа со кои ги  предизвикуваа луѓето који не спортуваат да почнат да водат спортски живот 

Младите кои учествуваа во оваа размена имаат можност преку забава, спорт, дружење со различни култури да разберат како спортот е забавен и добар,  и колку помога, особено за подобро менталното здравје.Преку интересна програма креирана од партнерите, учесниците се забавуваа, стекнаа основни техники за самоодбрана, ги покажаа своите физички способности. На учесниците им се даде можност и сами да водат дел од активностите па дел од нив одржаа свои загревања,тренинзи, зумба, различни мини игри и слично.

“Големо задоволство беше да се биде дел од оваа размена каде секој учесник и лидер внесуваа дополнителна мотивација и инспирација за секоја активност. Можеше да се почуствува натпреварувачкиот дух во секој од учесниците, но исто така и желбата за дружење и креирање на спомени и моменти кои остануваат за секогаш. Учесниците имаа можност да ја развијат и својата креативна страна преку дел од активностите во програмата. Таква активност беше задачата  “Invent your game“ (Измисли твоја игра). Измешани во тимови од различни држави младите луѓе имаа за задача требаа да смислат игра која сите заедно на крајот ќе ја играат. На секој тим му беше доделена една тн „мистериозна кутија“ (mystery box) со по 3 предмети во неа кои требаа да бидат искористени во креаирањето на нова игра.” -изјави Симона, групниот лидер на македонскиот тим.

 

For Unlimited Energy Levels – Empowerment through Sport (FUEL) е проект кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската Унија и организиран од Kyodai Sports Club Association (Романија) заедно со партнерите: АРНО (С. Македонија), Neomenioi (Грција), Comune di Prato (Италија) и KEY – Innovation in Culture Education and Youth (Кипар).

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК