(Јавен повик) Станете наш соработник за циркуларна економија
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДАВАЧИ, МЕНТОРИ И ЕКСПЕРТИ – АКАДЕМИЈА ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Академијата за циркуларна економија е една од клучните активности на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. Академијата е седум месечна програма за граѓански организации заинтересирани за развивање на иновативни идеи и бизнис модели во циркуларната економија или за унапредување на постоечките економски активности. Во рамки на Академијата, граѓанските организации ќе добијат поддршка од искусни професионалци во циркуларната, зелената и социјалната економија, зголемувајќи го своето знање, видици, идеи и буџет за реализација на бизнис иницијативите. За таа цел, потребни ни се:
- Предавачи: ќе подготвaт и испорачаат образовни материјали за онлајн и офлајн модули (секој модул трае 3 часа); можете да предложите и ваши теми/поле на експертиза; погледнете Oпис на работни задачи тука
- Ментори: ќе обезбедат 18 часа менторство на една граѓанска организација; погледнете Oпис на работни задачи тука
- Експерти: ќе обезбедат 3 часа консултации на една граѓанска организација на одредена темa; погледнете Oпис на работни задачи тука
Како да аплицирате: Ве молиме пополнете ja пријавата и испратете го вашето CV на arno.mkd@gmail.com. Крајниот рок за аплицирање е 03 ноември 2024. Слободно препратете до сите за кои сметате дека имаат некаква експертиза во полето.
Напомена: Изборот на соработници ќе биде возможен само откога ќе ги имаме избрано учесниците на Академијата. АРНО го задржува правото да додели улоги за соработниците, согласно потребите на учесниците и програмата. Секако, со ваша дозвола, вашиот контакт би останал во дата-базата за овој и други проекти кои ќе ги работиме на темата.
Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ го координира организацијата „Луѓе во потреба” (ПИН) од Чешка, во партнерство со македонските здруженија АРНО, Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) и Ековита.