EICEE инфо сесија и презентација на истражување image

EICEE инфо сесија и презентација на истражување

Дали сте расположени да откриете можности за финансирање на вашите идеи? Придружете ни се за информативна сесија за да дознаете повеќе за повикот за грантови кој се спроведува во рамки на проектот EICEE.
🇪🇺Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политики кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан.
🙌Eдна од активностите на проектот е и повикот за предлог-проекти за невладини организации и социјални претпријатија за тестирање на иновативни пристапи и пилот решенија, во областа на зелена и циркуларна економија. За оваа активност во проектот се планирани 210.000 евра, со грантови кои се движат од 17.500 до 30.000 евра. Предлог-проектитe треба да се достават до 27 мај 2024 година, 16:00 часот по средноевропско време.
📢На оваа информативна сесија, ќе ви го презентираме целосниот повик за грантови и ќе го објасниме процесот на аплицирање. Дополнително, ќе дадеме една поширока слика на сите активности во проектот и ќе ги презентираме наодите од првичното истражување. Имаме долг прат пред нас кон транзиција кон позелена економија, но важно е да ги најдеме правите патокази.
📍За да учествувате на настанот ќе треба да се регистрирате на овој линк најдоцна до 12-ти мај 23:59 часот.
Учесниците ќе добијат потврда и насоки за локацијата на настанот на 13-ти мај.
👥Слободно поканете ги вашите пријатели и колеги кои би можеле да имаат корист од оваа информативна сесија и настан.
ℹ️Повеќе информации за повикот за грантови можете да најдете на следниот линк
Сподели на социјалните мрежи