Design Thinking за развој на социјално претприемништво- неколку импресии од обуката image

Design Thinking за развој на социјално претприемништво- неколку импресии од обуката

Во рамките на проектот RISE, АРНО спроведува 3-дневна оналјн обука (23,24,25 август) за 2 групи млади луѓе. Првиот ден беше искористен за запознавање со социјалното претприемништво (од А до Ш), и споделување информации за проектот RISE и претстојниот повик за нови тимови. Вториот ден од обуката го водеше експерт (Милан Стојанов, креативен директор во Публицис) кој даде одличен приказ на методот, сподели прекрасни примери: од производство на колачиња за кучиња-храна со семчиња за цвеќе (претпоставувате како растат цвеќињата после тие кучешки прошетки :)), sheep view (наместо street view) за да привлечат туристи, амбалажа на свеж сок од портокал со точен час на произодство на исцедениот сок на етикетата. Учесниците, исто така, вежбаа метод со 4 збора и 6 –те капи (6 thinking hats) за да развијат нивни идеи. Третиот ден е фокусиран на бизнис модел канвас со акцент на корисничкото патешествие на купувачот и пар практични вежби и работа во групи.

Подолу можете да ја погледнете галеријата за да ѕирнете што се случуваше и можеби да се инспирирате, и во меѓувреме бидете на готовс за претстојниот повик за новото RISE патешествие (2).

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК