
Иднината на наставата: Претприемништво, филантропија и дигитални алатки
Дали наставата од иднината може да биде покреативна, подигитална и поиновативна? Ние работиме на спој на претприемништвото, филантропијата и дигиталните алатки!
На 19 февруари 2025 година во InnoX Innovation Center, во центарот на Скопје, ќе се одржи настан посветен на иновациите во образованието и можностите за нивна примена во наставата. Настанот „Иднината на наставата: Претприемништво, филантропија и дигитални алатки“ има за цел да ги поврзе наставниците од средни училишта со современи методологии, алатки и искуства што го поттикнуваат критичкото размислување и претприемачкиот дух кај учениците.
Програмата вклучува:
✅ Инспиративно претставување на проектот „STRETT 2“ и сработените материјали:
- наставна програма за ориентирање кон социјално претприемништво и филантропија,
- водич за компетенции на наставници и
- прирачник за дигитални платформи и алатки за наставници
✅ Тркалезна маса: Можеме ли да го промениме претприемничкото образование? – Отворена дискусија!
✅ Интерактивна работилница: Алатки за вештачка интелигенција во наставата – програма Клуб на наставници на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД).
Настанот е наменет за наставници од средни училишта, а за учесниците надвор од Скопје се покриваат патните трошоци.
Датум: 19 февруари 2025
Време: 11:00 – 14:00 часот
Локација: InnoX Innovation Center, Плоштад Македонија
🔗 Пријава за учество: https://forms.gle/d3iTyda6MVXLkfhz8 (најдоцна до 18 февруари)
Придружете се за да истражиме како претприемништвото, филантропијата и дигиталните алатки можат да ја трансформираат наставата!
Проектот „STRETT 2: Students Today Responsible Entrepreneurs Tomorrow – Teacher Toolkit“ се спроведува од Radviliskio Lizdeikos – Литванија (координатор), во партнерство со Istituto Istruzione Superiore Statale “Marini-Gioia” – Италија, Asociatia Scoala De Valori – Романија, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Северна Македонија и Здружение за социјални иновации „АРНО“ – Северна Македонија. Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија и има за цел да ги зајакне наставниците и младите преку развој на образовни ресурси насочени кон социјално претприемништво и филантропија.