
Работилница за животна средина со аналитичките центри на партиите
Работилницата за животна средина органзииран за воспоставените истражувачки и аналитички центри на најголемите политички партии во Северна Македонија се оддржа на 30.11.2019-та во Скопје. Директната покана за учесник говорник на Ирина јаневска од „АРНО“ дојде од Меѓународниот републикански институт во С. Македонија. Имено, канцеларијата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Северна Македонија спроведува програма насочена кон зајакнување на капацитетот и соработката помеѓу истражувачките и аналитички центри на четирите најголеми парламентарни партии. Во тој контекст, ИРИ има спроведено и серија на работилници за проценка на регулативите за влијанието со фокус на проблемот со управувањето со отпадот од пластичните кеси за купување.
За да може овој процес да биде инклузивен и да ги вклучи ставовите на ГО кои се активни во областа на заштитата на животната средина, АРНО беше покането да даде презентација за својата работа од оваа област. Присутните претставници беа воодушевени од успешните приказни за зелените бизниси што ги сподели Ирина, на кои подоцна и пристапија дел од претставниците на партиите за понатамошно споделување идеи за зелен маркетинг и употреба на локални брендови и услуги кои ја поддржуваат локалната зелена економија.



