Паркури за иднината: Проектен состанок во Џенова image

Паркури за иднината: Проектен состанок во Џенова

Од 30-31 мај Life e.V. организираше проектен состанок во Џенова, Италија, како дел од проектот „Паркури за иднината“. За време на состанокот, партнерите презентираа неколку иновативни идеи и прототипови за станици развиени со помош на ко-дизајн методологијата, фокусирајќи се на тема одржливост.

АРНО ја претстави својата „Repair Station“, дизајнирана да влијае позитивно на локалнo и глобално ниво. Претставници од партнерските организации, вклучувајќи ги Марјан и Стефани од АРНО, ги тестираа и оценија станиците фокусирани кон одржливо кариерно насочување на младите. Овој процес ја стимулираше креативноста и благодарение на истиот се генерира многу нови идеи.

Тимот, исто така, ја посети академијата „Accademia Marina Mercantile“ и доби поширока слика за италијанскиот училиштен систем и неформалното образование.

“Паркури за иднината” е Еразмус+ проект предводен од Life e.V. (Германија) и имплементиран во соработка со Agenzia Regionale per il Lavoro, la Formazione e l’Accreditamento (Италија), АРНО (Северна Македонија), GINNlab Goethe-Institut Innovation Lab (Италија), Goethe-Institut (Германија) и Scoala de Valori (Романија).

Сподели на социјалните мрежи