
ПАРКУРИ ЗА ИДНИНАТА
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Брзите промени на економиите и пазарот на труд се предмет на дебата на национално и европско ниво. Поттикнати од еколошката криза и климатските промени, пазарот на труд сè повеќе бележи трендови за заштита на животната средина, одржливост и климатска акција во сите полиња на работа и економски активности. Цел 13 од Целите за одржлив развој (ЦОР) на OН (“итна акција за борба против климатските промени и нивните негативни влијанија”) попрецизно укажува за потребата од подобрување на образованието, подигнување на свеста и човечките капацитети за борбата против климатските промени и намалување на негативните влијанија. Истовремено, дигитализацијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција влијаат врз работата и работните места преку новите модели на производство, администрација, логистика и комуникација. Сложеноста на сите овие промени поставува значајни предизвици за глобалната економија и образовните системи, а посебно за младите луѓе кои мораат да ги разберат тековните процеси и да станат свесни за бараните вештини и ставови во иднина.
Цели на проектот
Проектот „Паркури за иднината” (PAFF = Parcours for the Future – an innovative approach for vocational orientation for future jobs in diverging European regions) има за цел да ги поддржи релевантните чинители во образованието и младите, за подобро разбирање и подготвеност за идните предизвици и промени на пазарот на труд.
Проектот има две фази
1. Креирање и споделување знаење помеѓу експерти и чинители во образованието и проектните партнери
2. Креирање на педагошки паркури за млади во дигитална и физичка верзија
Во првата фаза, проектниот конзорциум цели кон прибирање и размена на знаења со експерти и практичари од европските економии на Италија, Романија, Северна Македонија и Германија, за начините на трансформација кон одржливост и дигитализација. Преку состаноци, конференции и истражувања, проектните партнери ќе ги претстават своите резултати во големата дебата на европско ниво. Овие резултати ќе бидат презентирани преку онлајн конференција, истражување и дигитален едукативен курс за влијанието од очекуваните промени на пазарот на труд. Овој дел е наменет за чинителите во кариерното советување и професионална ориентација, практичарите и чинителите во образованието од партнерските земји, односно сите кои се одговорни да им помогнат на младите луѓе во изборот на професија.
Втората фаза се фокусира на користење на знаењето и експертизата за креирање на практични алатки за младите. Паркурите се иновативен концепт каде што младите може да ги истражуваат различните аспекти од работните средини преку практичен и интерактивен метод на учење. Преку паркурите, младите луѓе може да дознаат за влијанието на идните промени за нивниот кариерен избор и сопствените иницијативи. Паркурите ќе имаат физичка, едноставна верзија, и онлајн верзија како дигитална алатка. Во 2025, паркурите ќе бидат тестирани во сите партнерски земји. Проектот ќе изработи и придружен прирачник кој ќе им овозможи на практичарите и едукаторите да ги имплементираат паркурите и дополнително да ја подигнат свеста на младите за зелени и дигитални работни места и животни вештини.
Резултати од проектот
Со напредокот на проектот, конзорциумот континуирано ги објавувава проектните резултати и ресурси сработени во рамките на проектот. Овие материјали се наменети да им помогнат на професорите, едукаторите, практичарите и младите да навлезат во зелената и дигиталната трансформација на пазарот на труд. Достапните резултати може да ги разгледате и преземете тука:
- Истражувачки труд: Како да се интегрираат одржливоста, дигитализацијата и родовата еднаквост во образованието и кариерното советување. (Документот е достапен на англиски и македонски јазик)
- Позадински документи: Трендови на пазарот на труд и состојбата на младите во Италија, Германија, С. Македонија и Романија. (преземи тука)
- Истражете ја платформата за е-учење тука: Платформа за надградување на знаењето за променливите зелени и дигитални вештини, родова свесност и општествена активност.
- Главни трендови во Европа: Вклучување на жените во STEM области (Наука, Технологија, Инженерство и Математика), Предизвици на пазарот на труд и недостиг од стручна работна сила, Дигитализација и едукација за паметно земјоделство.
- Презентација: Приказ на трендовите на пазарот на труд, зелената и дигиталната економија и вработувањето на младите во Италија, Германија, С. Македонија, Романија и во ЕУ. (преземи тука)
За повеќе информации, новости и пристап до сите ресурси, посетете ја официјалната PAFF веб-страница.