Часови за готвење image

Часови за готвење

Датум

2015 - 2016

Донатори

Social Impact Award

Партнери

АРНО (координатор), СУГС „Лазар Танев“, познати готвачи, gotvi.mk

Клучни зборови

социјално претприемништво, економска активност, социјално претпријатие, стручно образование и обука, гастрономија, млади, неформално образование, кулинари

Во 2016 година програмата „Кулинари“, со поддршка од Social Impact Award, ги понуди првите часови за готвење во земјата, промовирајќи ги  гастрономијата и стручното образование обединети под капата на социјалното претприемништво. Оваа активност беше понудена како одговор за намалувањето на младинската невработеност и како општествена интервенција која демонстрира како едно меѓусекторското партнерство може да направи позитивно влијание во општеството.

За прв пат во С. Македонија луѓето имаа можност да научат да готват следејќи инструкции од познати и реномирани готвачи. Во оваа иницијатива средното угостителското училиште ги донираше своите простории и инвентар, додека приватниот сектор (рестораните) учествуваше преку нудење на познатите готвачи кои ја поддржаа иницијативата. Секој заинтересиран граѓанин имаше можност да купи ваучер и да научи да готви, а со тоа и да  ја поддржи оваа економската активност на АРНО.

Профитот од продадените ваучери и брендираните кујнски додатоци (престилки и дрвени лажици) беше реинвестиран во учениците- готвачи преку креираната наменска програми за полесна транзиција на младите на пазарот на труд. Преку спроведената наменска програма учениците готвачи имаа шанса да учат и да ги запознаат одблиску познатите готвачи-нивни идоли, да учествуваат на работилници за пишување на CV, да добијат фотографии од професионален фотограф, да запознаат блогери за храна и инфлуенсери (научија како да фотографираат храна, да пингаат светски познати личности, како да се себе-промовираат и сл.) и да ги подобрат своите меки вештини.

Од проектот издвојуваме:   Часовите за готвење беа конципирани според различни гастро-теми и беа одржани од страна на познатите готвачи: италијанска кујна со готвач Александар Лазовски (ресторан Ла Тераца), македонска кујна со готвач Никола Мишковски (ресторан Камник), британска кујна со готвач Маре Јаневска (Британска амбасада) , француска кујна со готвачот Марк де Јонг и азиска кујна со готвачот Филип Поповски (#GotvimesoFicho).

Видеа од проектот