Регионална конференција на EICEE „Од иновации до импакт“
На 9 декември 2025 година, АРНО се приклучи на партнери, иноватори и креатори на политики од целиот Западен Балкан во Подгорица на регионалната конференција „Од иновации до импакт: Регионална конференција за циркуларна и социјална економија на Западен Балкан“. Настанот беше организиран од ADP-Zidво рамки на проектот EICEE (Регионален екосистем за еко иновации и циркуларна економија)и истиот обедеини организации посветени на унапредување на зелени иновации, модели на социјална економија и циркуларни практики низ регионот. Како претставник на Македонија и долгорочен промотор на социјални иновации, АРНО придонесе во дискусии кои ја презентираа регионалната инфраструктура, новите решенија развиени преку под-гранотвата шема на EICEE и ја зајакна соработката околу одржливост, социјално претприемништво и зелени јавни набавки.
АРНО на сцена: Приказната за „Ништо ново“
Во сесијата посветена на регионалната циркуларна инфраструктура, Ирина Јаневска од АРНО ја презентираше приказната, резултатите и влијанието врз заедницата на Центарот за поправки „Ништо ново“, нашиот простор за граѓани каде што се поправаат, рециклираат и споделуваат предмети (Разменотеки) со цел продолжување на нивниот животен век. Откако беше отворено во април 2025 година, „Ништо ново“ стана простор каде граѓаните можат да учат, да споделуваат знаење и да се вклучат во практични активности.
Приказната за „Ништо ново“ беше презентирана преку бројки кои ја илустрираат големината на интересот и вклученоста.
„Само во 2025 година организиравме 6 отворени денови за поправка на текстил, 12 работилници за рачно и машинско шиење, 5 работилници за поправка на електрични тротинети, 5 за велосипеди и 7 за апциклирање на текстил. Одржавме 1 настан за размена на предмети и 1 отворен ден за институции, амбасади и донатори, што ни збори за бројка од вкупно 36 настани—микс од работилници, настани за размена и отворени денови за поправки. Во неколку месеци просторот го посетиле околу 550 лица, се извршиле над 160 поправки , а 1503 лица се регистрирале за учество во работилници—огромен интерес кој покажува колку е потребен овој сервис и колку граѓаните се мотивирани да поправаат, наместо да фрлаат. Медиумската покриеност беше одлична, нема утринска емисија на која не сме гостувале, а социјалните мрежи експлодираат—една објава стана вирална и беше споделен од над 100 луѓе“, сподели Ирина на сцената.
Претставник на Општина Кисела Вода на конференцијата во Подгорица
АРНО беше почестено да биде придружувано од Елизабета Јаневска од Општина Кисела Вода, општината која го обезбеди бесплатниот простор за „Ништо ново“. Нејзиното присуство беше важно не само поради директната поддршка, туку и затоа што таа учествуваше во панелот за јавни набавки, споделувајќи искуства од Македонија. Дискусијата потенцираше како зелени и резервирани механизми на јавна набавка можат да го поттикнат транзицијата кон одржлива и инклузивна економија во Западен Балкан, стимулирајќи циркуларни иновации, поддршка на социјални претпријатија и одговорно користење на јавните средства.
Иновации на сцена: Зелени производи од Западен Балкан
Еден од највпечатливите моменти на конференцијата беше презентацијата на иновации развиени преку шемата за под-грантови на EICEE. Македонија се испромовира со значајни решенија ориентирани кон иднината. Јавор Зрновци, претставено од Благојче Најдовски, ги покажа нивните паметни соларни дрон-решенија за пчеларство, кои ја комбинираат традицијата со современите технологии. Ековита од Неготино, претставено од Кристина Тодорова, ја презентираше INNOHUB, иницијатива за поддршка на зелено претприемништво и циркуларни бизнис решенија. Inno Tech Club, претставен од Верца Јорданова, го презентираше рециклираниот филамент за 3Д печатење, важен придонес за регионалната заедница на makerspaces. Овие македонски иновации привлекоа внимание, и ја потврдуваја улогата на Македонија во растечкиот циркуларен екосистем на Западен Балкан.
Science Promotion Foundation PRONA од Подгорица ја презентираше својата иницијатива “Butt 2 Better: From Toxins to Innovations,” додека Kosovo Advocacy and Development Centre (KADC) ги претстави своите активности за младинско вклучување и циркуларни практики во Приштина. Naša Kuća од Белград ги покажа своите инклузивни циркуларни модели, а Private Forest Owners Association BOR од Ужице демонстрираше како едно рурално село може да се трансформира во циркуларен развоен модел.
Поврзување на агендите и зајакнување на регионалната соработка
Во текот на денот, говорниците и панелистите ја истражуваа улогата на европските и регионалните механизми за одржување на иновациските екосистеми. Тие истакнаа потреба од усогласување на политиките, ја валидираа вредноста на прекуграничната соработка и важноста на социјалните иновации во долгорочните стратегии. Панелот за зелени и резервирани јавни набавки даде практични примери како јавните институции можат да ја забрзаат зелената транзиција, валидирајќи дека јавните средства можат да поддржуваат еколошка одговорност и создавање на социјална вредност.
Лансирање на W Base: Регионална платформа за социјална и солидарна економија
Конференцијата го означи и почетокот на W Base, Западнобалканската платформа за социјална и солидарна економија. Врз основа на мрежите, алатките и инфраструктурата создадени преку EICEE, W Base ќе служи како заеднички ресурс за практичари од регионот—јакнејќи ја размената на знаење, отворајќи можности за заеднички проекти и зголемувајќи ја видливоста на социјалните и циркуларните иновации на европско ниво. За АРНО, W Base претставува значаен чекор напред во зајакнување на соработката и колективното влијание.
Што понатаму?
Проектот EICEE има значајна улога во обликувањето на циркуларната економија на Западен Балкан—отворајќи работилници и простори (Makerspaces), овозможувајќи граѓаните да учествуваат и поттикнувајќи повеќе одржлив начин на живеење. За ARNO, конференцијата ја потврди моќта на партнерствата и особено важноста на поддршката од локални институции како Општина Кисела Вода, која помогна „Ништо ново“ да се претвори од идеја во реален, достапен простор за заедницата.
Се враќаме од Подгорица инспирирани и мотивирани.

