Започна четвртото RISE патешествие!
На 4-ти ноември во Јавна Соба, АРНО ја одржа првата средба со овогодинешните RISE тимови. Од 31 апликација, стручното жири како дел од програмата избра 8 тимови од Скопје, Битола и Охрид кои ќе се дел од идеациската фаза: Combo, Biohide, Creative Mind, Travel Tales, Trash Pinger, Celilicious, Vision for the Better Future и Legal Eye.
На средбата тимовите ги претставија своите идеи и членови и се запознаа со концептот на социјално претприемништво и слушнаа и многу успешни приказни за социјални и зелени бизниси од RISE, Зелени Идеи и другите програми на АРНО.
Во следниот период тимовите заедно со АРНО, менторите и експертите ќе продолжат со работа на своите идеи. Во следните четири месеци, следуваат серија од обуки, многу часови на менторство, консултации и регионални настани за врмежување.
Погледнете ја галеријата подолу и запознајте ги овогодинешните RISE тимови.
Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (С. Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).