You Can Be проект – обука во Франција
Од 6-10 март, младинските работници Боби, Камелија, Симона и Стефан учествуваа во името на АРНО на обука во Нант, Франција, за тестирање на прирачникот за социјални претприемачи од проектот „You Can Be“.
Обуката беше организирана од координаторите на проектот Fondation Apprentis d’Auteuil (Франција), а присуствуваа проектните партнери VILNIAUS KOLEGIJA (Литванија), Asociatia Scoala De Valori (Ромаја), Zaklada Znanje na Djelu (Хрватска) и АРНО (Северна Македонија).
Настанот се случуваше во социјалното претпријатие „Les Ecossolies“ кое има над 600 членови и обезбедува околу 5000 работни места во регионот Нант. Во него се сместени голем број на организации и граѓански иницијативи кои ги идентификуваат потребите на регионот и осмислуваат економски иницијативи и иновативни решенија за локалните проблеми и предизвици.
На обуката, учесниците имаа можност да се запознааат со првиот нацрт на прирачникот за социјално претприемништво и да го тестираат во симулирана средина. Учесниците беа поделени во групи и им беше даден општествен проблем за кое ќе симулираат решенија, користејќи ги активностите на прирачникот. Многу сме горди што АРНО имаше можност да придонесе во креирањето на прирачникот со пишување на поглавјата за „Design Thinking”, „Циркуларна Економија” и „Зошто ни се потребни повеќе млади претприемачи?” – кој дава краток историски преглед на социјалното претприемништво.
Обуката им овозможи на учесниците и партнерите да добијат подобар увид за применливоста на прирачникот преку негово тестирање и да работат на следните чекори кон неговото објавување.
Учесниците имаа можност да го тестираат нашиот прирачник за социјално претприемништво преку „потрага” користејќи ја платформата Goosechase. Работејќи во групи, тие имаа задача да откријат и идентификуваат клучни локации во Нант каде што постојат најдобри иновации, партнерства и решенија за проблемите во заедницата. Активноста што ја дизајниравме им даде можност на учесниците да се запознаат со областа и локалните иницијативи и истовремено низ целиот процесот да учат туку и да се инспирираат.
„Активноста на Goosechase во суштина беше интерактивна и едукативна игра за нас и за учесниците. Можев да ги истражам клучните локации во Нант и да сведочам за некои навистина нови перспективи за тоа како можат и изгледаат социјалните решенија. Мојата омилена локација беше „L’Agronaute“, урбаната фарма што ја посетивме. Во неа се одгледуваат голем број растенија, од кои се обезбедуваат материјали за готвење за локалните кафулиња и ресторани, а исто така се одржуваат лекции за земјоделство за локалното население. Фармата служи и како инклузивен простор и дава нов почеток за бегалците и граѓаните од непривилегирани категории“- изјави Стефан Петровски од АРНО.

