Сакаш да волонтираш? Приклучи се на првиот центар за поправки „Ништо ново“ image

Сакаш да волонтираш? Приклучи се на првиот центар за поправки „Ништо ново“

Сакате да бидете дел од првиот Центар за поправки во Скопје? АРНО ги отвора вратите на „Ништо ново“ за сите што сакаат да помогнат – на свој начин, со свои вештини и со желба да бидат дел од нешто што менува. Секој придонес е добредојден. Дали сте студенти, пензионери, имате слободно време пред факултет, после работа, викенд, или едноставно сакате да бидете дел од нешто корисно – вие одлучувате! Сите заинтересирани треба да ја пополнат пријавата на следниот линк, најдоцна до 31-ви август. Во септември АРНО ќе ги контактира избраните лица, за дополнителен разговор. 

Бараме волонтери (про боно – неплатен ангажман), полнотелни лица (18+) што се препознаваат во некоја од овие улоги:

  • Креативци – графички дизајн, фотографија, видео, пишување објави, водење социјални мрежи (Направи фотки, објави албум, сними сведоштво…)
  • Организатори – логистика, помош на настани, координација (Јави се на избраните учесници, дојди да купиме конци, да наместиме проектор)
  • Занаетчии и вешти луѓе – кои знаат да поправат и сакаат да бидат од помош на работилниците (помогни на учесникот не му оди со лемењето, објасни како се користи тој алат…)
  • Еко ентузијасти – поддршка за еко-настани, промоција (ајде да направиме уште една поголема разменотека-покани ги…. ајде да ја донираме облекава каде што треба – да се јавиме кај….)
  • Или… нешто сосема друго што мислите дека би помогнало.

Што нудиме?

  • Дел од првото repair движење во Скопје – #поправкизасите
  • Бесплатно учество на сите работилници и настани на АРНО
  • Препорака и референца од АРНО
  • Простор каде вашиот труд ќе биде виден и вреднуван
  • Флексибилност – вие одлучувате колку време и енергија ќе вложите

    Ако верувате дека малите поправки водат кон големи промени – приклуте ни се!
Сподели на социјалните мрежи