
Пријава за работилница-🧵Шиење за почетници!
🧵✂️ Шиење за почетници– направи ја првата поправка сам/а! 👗🪡
Имаш распаран џеб на јакна кој не е за рачна поправка? Или, треба да се порабат панталоните за да не ја собираш сета скопска кал? Те интересираат основни техники на машинско шиење и поправка на облека? Без разлика дали прв пат седнуваш на машина за шиење или сакаш да научиш нешто ново, ова е твојата прилика 🙂Придружи ни се на работилницата за основи на шиење за поправки, каде што заедно со искусната модна дизајнерка Ирина Тошева ќе научиме:
✅ Запознавање со шивачка машина
✅ Основни бодови и техники
✅ Поправка на облека
✅ Совети за почетници и креативни идеи
📌 Доколку имаш парче облека што сакаш да го поправиш понеси го со себе – ќе му дадеме нов живот заедно! ♻️
‼️ Бројот на учесници е ограничен на 10 лица.
📬Важи принципот „прв пријавен, прв услужен“.
⏰Пријавување: најдоцна до сабота до 20ч, пополни ја оваа пријава
📩 Сите избрани учесници во недела наутро ќе добијат потврден е-маил
📅 Датум: 14.04 (понеделник) време:12:00 -14:00 часот
📍 Локација: Центар за поправки „Ништо ново“ – Ул. Ѓорѓи Сугаре 14
🐷💰 Нашите шивачки работилници се бесплатни за жителите на Кисела Вода. За сите останати- доколку ви се допаѓа тоа што го правиме, оставете 💸 во нашaта тегла за донации! ☕️Или, почестете се од нашето кафе со препорачана донација од 150 ден!
Работилницата е дел од мисијата на АРНО за поттикнување на култура на поправки преку проектот ЕИЦЕЕ – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан🌱
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политики кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан.