RISE Студиска посета во Франција – Истражување на екосистемот на социјалната економија image

RISE Студиска посета во Франција – Истражување на екосистемот на социјалната економија

Од 5 до 8 февруари, АРНО учествуваше на студиска посета во Париз, Франција, заедно со другите локални инкубатори од проектот RISE: Balkan Green Foundation (од Косово), Nesto Vise (од Босна и Херцеговина), Smart Kolektiv (од Србија), Yunus Social Business (од Албанија) и IEC Tehnopolis (од Црна Гора). Студиската посета беше предводена од партнерите на конзорциумот на RISE проектот, Pulse SOS (од Франција), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Француско-германската канцеларија за млади (OFAJ) и Младинската мрежа на Југоисточна Европа (од Босна и Херцеговина).

Студиската посета беше првата физичка активност во новото издание на проектот RISE (2022-2025) каде што партнерите имаа возбудлива можност да научат повеќе за влијанието на социјалната економија во француското општество, и да слушнат инспиративни приказни за социјалните претприемачи. Еве неколку впечаталиви моменти на Марјан (програмски менаџер на RISE):

  • Во инкубаторот PULSE Montreuil, партнерите се сретнаа со тимот на PULSE Франција и беа запознаени со нивните активности, влијание и преглед на францускиот екосистем за социјална и солидарна економија.
  • Беше организирана специјална гостинска сесија со Камила од UniR, социјално претпријатие кое го олеснува пристапот до образование за бегалците и барателите на азил и ја поддржува нивната академска и социо-професионална интеграција.
  • Партнерите ја слушнаа и интересната приказна за социјалното претпријатие Cali & Gali што ја сподели Клер. Cali&Gali е социјално претпријатие кое создава можност стручните обучувачи и јавните службеници да станат поприфатливи кон различностите, и да креираат поотворени и инклузивни политики и институции.
  • Последниот ден беше резервиран за посета на Atelier Fatimata Sy, социјално претпријатие кое нуди одржливи уникатни или над-рециклирање, продукти од етички дизајнери во модата, накит, додатоци, декорација на домот и етичка козметика инспирирана од жени од Африка и нивната култура. Како дел од студиската посета, партнерите се сретнаа и со г-дин Николас Феј, заменик директор за Балкан Европа, и разговараа за можностите и предизвиците за социјалната економија во Западниот Балкан. Г-дин Феј ја потврди важноста на проектот RISE за Франција, и изрази благодарност за на иновативниот и влијателен пристап на проектот. Тој, исто така, ја подвлече важноста на социјалната економија за интеграцијата на регионот во ЕУ и зајакнувањето на институциите и заедниците низ целиот регион.

„Беше одлично што имавме шанса одблиску да ја доживееме работата на Групацијата ПУЛС СОС, еден од најважните актери во социјалната економија во Франција, и да дознаеме повеќе за екосистемот. Посетата  инспирираше со нов „поттик за размислување“ за сите локални инкубатори и мотивација за следните активности во регионот на Западниот Балкан“. – изјави Марјан Ицоски, програмски менаџер во АРНО.


Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Групата Pulse SOS, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско- германската канцеларија за млади (OFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (AFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус плус програмата. АРНО е гордо што е избрано за локален инкубатор и национална структура која го спроведува 6 годишниот проект заедно со партнери од регионот.

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК