🚀RISE Journey 2🚀 повик за поддршка на млади социјални претприемачи image

🚀RISE Journey 2🚀 повик за поддршка на млади социјални претприемачи

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги кани сите млади иноватори (18-35 год.) кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на повикот за учество во програмата RISE Journey 2 до 26-ти септември (недела) на полноќ. До 04-ти октомври (понеделник) 23:59ч.

📍Апликацијата треба да се пополни на англиски јазик, и истата може да ја најдете ОВДЕ.
📍Пред да се пристапи кон пополнување на апликацијата треба да се прочита целиот повик кој е достапен ОВДЕ
📍Сите досегашни прашања кои веќе имаат одговори можете да ги најдете во овој онлајн документ.
📍Следете не’ на социјалните мрежи за инспирација, новости и најнови информации (FB, Insta)
📍Доколку имате дополнителни прашања слободно испратете мејл на olga@arno.org.mk

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула.  Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања.  На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на нивниот социјален бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

🤩Погледнете ја галеријата и колажот од искуства од RISE Journey 1.

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК