Продолжен рок⚠️ова е знакот кој го чекавте⚠️пријавете се до 04.10 image

Продолжен рок⚠️ова е знакот кој го чекавте⚠️пријавете се до 04.10

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги кани повторно сите млади иноватори (18-35 год.) кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на повикот за учество во програмата RISE Journey 2 до 4-ти октомври (понеделник) на полноќ (продолжен рок за аплицирање).

Ако сте тим (најмалку oд 2 лица) со желба да направите нешто корисно за себе, за вашата заедница или за животната средина и ви треба помош во начинот на кој ќе го направите тоа- тука е RISE Journey програмата на која треба да аплицирате 🙂 Без грижа, доколку не сте сигурни што е бизнис модел, што е социјално претпријатие, како да ги пресметате трошоците за плати, како се пишува соопштение до медиуми или немате искуство да направите истражување на пазарот, тука е програмата RISE да ви помогне во сите овие процеси. RISE Journey програмата е наменета за почетници и за сонувачи, а ние ви нудиме: знаење (обуки, состаноци), поддршка (ментори = луѓе кои веруваат и ве поддржуваат), финансиска подршка (за двата најдобри тима од програмата) многу забава и нови пријателства.

📍Апликацијата треба да се пополни на англиски јазик, и истата може да ја најдете ОВДЕ.
📍Пред да се пристапи кон пополнување на апликацијата треба да се прочита целиот повик кој е достапен ОВДЕ
📍Сите досегашни прашања кои веќе имаат одговори можете да ги најдете во овој онлајн документ.
📍Следете не’ на социјалните мрежи за инспирација, новости и најнови информации (FB, Insta)
📍Доколку имате дополнителни прашања слободно испратете мејл на olga@arno.org.mk

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула.  Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања.  На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на нивниот социјален бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Сподели на социјалните мрежи