Пријава за работилница -🛴 поправка на електрични тротинети image

Пријава за работилница -🛴 поправка на електрични тротинети

🌱🛴 Поправка на електрични тротинети!

Замисли го ова: eден убав пролетен, сончев ден, возиш електричен тротинет низ градските улици, но… наеднаш се појавува проблем со гумата, чуден звук, батеријата се одлучила да си земе одмор… Што правиш тогаш?😩 Не паничи – научи сам/а да го спасиш својот тротинет!

Под водство на искусен мајстор, ќе научиме:

✅ Како да ги препознаеме најчестите проблеми кај електричните тротинети
✅ Основни техники за нивно одржување и поправка
✅ Како сами да замениме делови (гума, светло, батерија и сл.)

📌 Доколку имаш дел што сакаш да го замениш, понеси го со себе – ќе добиеш стручна поддршка на лице место!

📅 Датум: 29.04 (вторник)
🕛 Време: 12:00 – 14:00 часот
📍 Локација: Центар за поправки „Ништо ново“ – Ул. Ѓорѓи Сугаре 14

‼️ Бројот на учесници е ограничен на 6 лица.
📬 Важи принципот „прв пријавен, прв услужен“.
⏰ Пријавување најдоцна до 27.04 (недела), до 23:59ч, пополни ја оваа пријава 
📩 Потврда ќе добијат избраните учесници во понеделник (28.04) наутро.

🐷💰 Работилницата е бесплатна, но ако ви се допаѓа тоа што го правиме, поддржете нè – оставете 💸 донација во нашата тегла или почестете се со кафе со препорачана донација од 150 ден! ☕

Работилницата е дел од мисијата на АРНО за поттикнување на култура на поправки преку проектот ЕИЦЕЕ – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан🌱

Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политики кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан.

 

Сподели на социјалните мрежи