Претставени резултатите од проектот „Паркури за иднината“ image

Претставени резултатите од проектот „Паркури за иднината“

АРНО успешно го одржа завршниот онлајн настан (multiplier event), на кој повеќе од 70 наставници, наставнички, едукатори и професори имаа можност да се запознаат со финалните проектни резултати од проектот Паркури за иднината. Настанот беше одржан онлајн, а на учесниците им беа претставени материјалите и алатките за целосно користење на оваа иновативна едукативна методологија.

На настанот беа презентирани проектните резултати сработени во првата фаза од проектот:

  • Истражувачки труд
  • Позадински документи
  • Платформа за е-учење
  • Главни трендови во Европа
  • Презентација 

Како и иновативната методологија „Паркури за иднината“ и проектните резултати развиени во втората фаза од проектот:

📌 Водич за најдобро користење на „Паркури за иднината“
Овозможува преглед на концептот и начините на кои паркурите поврзуваат училница со реални предизвици од пазарот на труд, преку теми како: одржливост, дигитализација, социјална и родова еднаквост.

🔧 Водич за обновување (Rebuild Manual)
Детален технички прирачник за повторно креирање на физичките паркур станици, со точни инструкции, материјали и чекори.

📖 Прирачник за имплементација и едукација
Практичен и концептуален водич за наставници, обучувачи и младински работници. Ги спојува теоријата, методологијата и активностите за применливо современо учење – физички и дигитални Паркур станици.

🏃‍♂️ Паркури (материјали за физичките станици)
Комплет материјали што овозможуваат секое училиште да ги „изгради“ своите физички Паркур станици и да ги активира учениците да скокаат кон својата иднина.

Сите резултати се достапни на македонски и англиски јазик, и може да се преземат на веб страницата на АРНО и на официјалната веб страница на проектот.

Иaкo проектот завршува, нашите паркури не застануваат. Тие имаат доволно енергија и алатки да продолжат да скокаат од едно училиште во друго, од една училница во друга, инспирирајќи ученици да го откријат светот на Паркурите – преку учење што се движи, прашува, истражува и создава.👟


Проектот „Паркури за иднината“ го предводи Life e.V. од Германија, во партнерство со АРНО (Македонија)Agenzia Regionale per il Lavoro (Италија)Scoala de Valori (Романија)Goethe-Institut и GINNlab (Германија и Италија). Целта е преку методологии на ко-дизајн, поправка и креативна едукација да се поттикнат нови професионални патеки за младите.

Сподели на социјалните мрежи