Последната RISE работилница се одржа во Париз: рефлексија, идеи и нови соработки
На 20 и 21 ноември 2025 година, во Париз, Франција, се одржа последната работилница во рамките на проектот RISE. Оваа работилница ни овозможи да направиме длабока рефлексија на сработеното во рамките на проектот, да размислиме за постигнатите резултати и да развиеме нови идеи за идни иницијативи преку кои ќе ја продолжиме мисијата на RISE.
Заедно со претставници на проектниот конзорциум и останатите локални инкубатори од Западен Балкан активно дискутиравме и креиравме концепти за идни проекти, со цел да ја ангажираме ALUMNI заедницата, да ги вклучиме во новите активности и да ја зајакнеме меѓусебната соработка и размена на искуства.
Во текот на престојот во Париз, имавме можност да ја посетиме Les Petites Cantines Paris – заеднички простор кој спојува локална храна, креативни идеи и социјални иницијативи. Овде, членовите на заедницата можат да се сретнат, да разменуваат искуства и да креираат заеднички решенија за локални и глобални предизвици, поттикнувајќи иновации и заедничко делување.
Исто така, ги поддржавме активностите на CHKarty – платформа и заедница за иновации и социјални проекти, која ги поврзува креативците, стартапите и социјалните претприемачи од различни делови на светот. CHKarty поттикнува креирање на идеи со висок импакт, вклучување на младите и создавање решенија кои се одржливи и одговараат на локални потреби.
Оваа работилница беше кулминација на заедничката работа и поттик за нови предизвици, а ние заминавме со свежи идеи и енергија за продолжување на успешната приказна на RISE.
Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс и Француско-германската канцеларија за млади, а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД), Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) и Еразмус+ програмата на Европската Унија. АРНО е гордо што беше избрано за локален инкубатор и национална структура која го спроведува 6 годишниот проект заедно со партнерите од регионот.






