АРНО на Impact Week 2025: трендови, вмрежувањa и насоки за иднината
АРНО учествуваше на Impact Week 2025 во Малме, Шведска, заедно со европски фондации, инвеститори, социјални претпријатија, креатори на политики и градители на екосистеми кои ја истражуваат развојната динамика на импакт капиталот. Споделените впечатоци се од избраните сесии и доживувања на Ирина Јаневска — основачка и претседателка на АРНО — и ја нудат нејзината перспектива на учесник.
Ден 1
Конференцијата започна со Impact Crash Course, курс кој даде вовед во концепти како каталитички и трпелив капитал ( catalytic/ patience capital) преку интерактивни вежби дизајнирани да го продлабочат разбирањето за импакт инвестирањето. Курсот „Вовед во импакт инвестирање“ ги разгледа и основните принципи (intentionality, additionality, мерливост и управување со импакт) — и беше контекстуализиран преку европски трендови и статистички податоци. Во рамките на првиот ден, се посвети време и на нашиот проект Invest for Change, каде националните тимови споделија новости и планирања/стратегии за идната година. Денот заврши со прием во Градската куќа на Малме, каде членовите и партнерите на Impact Europe се сретнаа во неформална атмосфера.
Збор на денот: каталитички капитал
Ден 2
На главниот конференциски ден, на пленарната сесија „When Europe Got Darker, We Got Brighter – Lessons from Jean Monnet’s Playbook“учествуваа : Åsa Skogström Feldt (IKEA Social Entrepreneurship BV & Impact Europe), Leslie Johnston (Laudes Foundation & Impact Europe), Peter Surek (Erste Social Finance Holding), Markus Freiburg (FASE), Stefana Hoti (Град Малме) и Angela Wiebeck (Impact Europe). Панелистите дискутираа како импакт актерите нудат одговари на социјалната, демократската и економската неизвесност преку соработка, адаптивност и долгорочен пристап.
Меѓу посетените сесии, „Strategic Catalytic Constellations: Strategic Capital in an Era of Uncertainty“ нагласи како непрдевидливоста — од инфлација до геополитички нарушувања — ги преобликува инвестициските стратегии и како капиталот може да поддржи институционална отпорност и општествена стабилност.
Во делот за образование, сесијата „Where Capital Meets Community: Bold Partnerships Transforming Education“ ги отвори темите за скалирање на докажани модели, поддршка на лидери кои работат најблиску до предизвиците и градење крос-секторски партнерства — теми кои силно резонираат со фокусот на АРНО.
Пленарната сесија „Creative Capital: Reimagining How to Fund Impact“ ги претстави моделите на здружено финансирање со претставници од Relevant Ventures, UI Ventures, Impact Europe, Alfanar Venture Philanthropy и Smart Kolektiv. За АРНО, оваа сесија понуди глобални перспективи и локални паралели преку долгогодишните регионални партнерства. Особено беше пријатно да се слушне нашиот колега Невен, кој ги сподели перспективите и потенцијалот на Западен Балкан.
Посебно искуство беше имерзивната (immersive) инсталација „Northern Lights – Visions from 2045“ од SALLY, futures лабораторијата на EY Doberman. Учесниците влегоа во замислен свет кој живее во климатски и економски колапс.
„Ова беше навистина уникатен начин на раскажување преку дејствување (storydoing). Гледавме видео од жена која си се јавува себеси од 2045 година —од свет со климатски и економски колапс, свет во кој не може да добие инсулин за својот син. Искуството вклучуваше и групна дискусија за новите економии. Неверојатен пристап,“ сподели Ирина.
Збор на денот: Нови економии
Ден 3
Денот започна со дополнителен настан организиран од EIT Culture & Creativity, со презентации од DOEN, OPES и MDIF за инвестициски стратегии во културните и креативните индустрии. Подоцна, Ирина присуствуваше и на пленарната сесија „The Youth Alliance: Collective Action and Innovation for Youth Employment and Future-Ready Young People“. Дискусиите се фокусираа на младински можности, подготвеност за пазар на труд и влијанието на технолошките и демографските промени. Ирина ја претстави работата мна АРНО во образовниот систем — паркурите, потребата од гејмификација, работата со наставници и вклучувањето на социјално претприемништво во наставните програми. Овие предлози ги сподели во работната група и истите подоцна беа вметнати како препораки во пленарната сесија.
Impact Week заврши со заеднички осврти од Leslie Johnston и Angela Wiebeck, кои ги сумираа темите за соработка, долгорочен капитал и системски импакт. На големиот екран беше прикажана пораката: „As long as there’s light, we’ve got a chance“, проследена со музика од Star Wars- инспиративен крај.
Важно е да се истакне дека на самата конференцијата имаше и изложба. Беа прикажани циркуларни и одржливи бизнис решенија, вклучувајќи тестенини направени од вишок леб, замени за јајца базирани на наут, нордиска фарма за одгледување на морски алги, како и иницијативи поврзани со Blue Economy фондови. и паноа со пораки за потенцијалот на социјалните претпријатија.
Збор на денот: Светлина
Impact Week претставуваше уникатна можност за набљудување различни пристапи кон социјалните иновации, финансирање на иницијативи водени од заедниците. Ирина сподели дека се враќа со многу впечатоци, увид во новите трендови, инспирација од креативни формати и идеи за потенцијални идни соработки. Вмрежувањата и разговорите за време на настанот дополнително беа дополнителна мотивација АРНО да истражи нови соработки и да продолжи да го унапредува своето работење во периодот што следи. Албум со фотографии може да се најде овде.
Посетата се реализираше во рамки на проектот Инвестираме во промени (2025–2030) — пионерска иницијатива финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да развие поповолна средина за социјално претприемништво во Западен Балкан преку подобрување на пристапот до финансии, вклучување на релевантни чинители и инвеститори и унапредување на политиките во оваа област. Проектот го координира Impact Europe, а се спроведува во партнерство со АРНО (Македонија), Partners Albania (Албанија), Smart Kolektiv (Србија), Foundation 787 (Босна и Херцеговина). ADP-Zid (Црна Гора) и ICK (Косово).

