Студиска посета во Словенија: Учење од успешните примери на економска демократија и модели за сопственост на вработените image

Студиска посета во Словенија: Учење од успешните примери на економска демократија и модели за сопственост на вработените

Од 20-24 oктомври 2024, АРНО заедно со Институтот за економска демократија (IED) од Словенија, организираше студиска посета во Љубљана. 12 учесници од граѓански организации, социјални претпријатија, универзитети и приватни компании имаа можност да го истражат светот на економската демократија преку успешниот пример на компанијата INEA – лидер во имплементација на моделот за сопственост на вработените – ЕСОП (ESOP – Еmployee Stock Ownership Plan).

Студиската посета започна со инспиративен вовед во темата на демократско управување во претпријатијата oд колетите од Институтот за економска демократија. Учесниците се запознаа со принципите на ЕСОП моделот, научија како младинската иновација може да го обликува работното место и како колективната сопственост носи долгорочен успех за компаниите и вработените.

Посетата на INEA беше кулминацијата на студиската посета – компанија што функционира според принципот на сопственост на вработените преку ЕСОП моделот, која со години наназад ги вклучува своите вработени во одлучувачките процеси. Вработените ни ја раскажаа нивната емотивна приказна за борбата, успесите и предизвиците со кои се соочиле во процесот на преминување кон овој модел, но и чувството и одговорноста како е да си сосопственик на голема команија.

Освен посетата на INEA, учесниците се запознаа и со MAG-NET проектот, иницијатива која поврзува мрежа на социјални претпријатија и организации што работат на принципите на солидарност и правичност. Дел од програмата беше и средба со членови на Европскиот Парламент, каде што се дискутираа политиките што го водат економското управување во компаниите и социјалните претпријатија и важноста на финансиските поттикнувања за имплементација на овие модели.

Студиската посета беше организирана во рамките на проектот „Обликување на иднината на трудот: младинска демократска работна средина за општествени промени“ е имплементиран од Институтот за економска демократија – Словенија (координатор) и Здружението за социјални иновации „АРНО“ – Северна Македонија. Проектот е финансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Сподели на социјалните мрежи