Пријава за трета работилница-🧵Шиење за почетници! image

Пријава за трета работилница-🧵Шиење за почетници!

🧵✂️ Многу нѐ радува големиот интерес за работилницата “Шиење за почетници”, па решивме да организираме уште една, трета  работилница по ред и да ви дадеме уште една можност да ја направите првата поправка сами (следете нѐ најавуваме уште многу работилници)! 👗🪡

Сакаш да научиш како да поправиш парче облека и да му дадеш нов живот, наместо да го фрлиш? Те интересира основно машинско шиење, но не знаеш од каде да почнеш? Имаме супер можност за тебе! Работилницата за основи на шиење е идеална за сите кои сакаат да направат прв чекор во светот на поправки и креативна повторна употреба на облека.

Заедно со модната дизајнерка Ирина Тошева, ќе поминеме низ:

✅ Како функционира шивачка машина
✅ Основни бодови и техники
✅ Поправка на облека
✅ Совети за почетници + креативни идеи

📌 Понеси парче облека што чека втора шанса – ќе му ја дадеме заедно ♻️

‼️ Местата се ограничени на 10 учесници.
📬 Принципот е „прв пријавен, прв услужен“.

⏰ Пријавување најдоцна до 22.04 (вторник) во 20:00 часот – пополни ја пријавата
📩 Потврдите ќе ги праќаме во среда наутро (23.04).

📅 Датум: 24.04 (четврток)
🕛 Време: 12:00 – 14:00 часот
📍 Локација: Центар за поправки „Ништо ново“ – Ул. Ѓорѓи Сугаре 14

🐷💰 Работилниците се бесплатни за жителите на Кисела Вода. За останатите – доколку го поддржувате тоа што го правиме, донирајте во нашата тегла или почестете се со кафе за препорачана донација од 150 ден. ☕️

Работилницата е дел од мисијата на АРНО за поттикнување на култура на поправки преку проектот ЕИЦЕЕ – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан🌱

Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан е поддржан од Европската Унија преку повикот на ЕУ за граѓанско општество и програмата за медиуми на Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (ИПА III). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите и ангажманот на граѓанските организации во развојот на политики кои водат кон зелена и дигитална транзиција во регионот на Западен Балкан.

Сподели на социјалните мрежи