Започна петтото RISE Патешествие!
На 2 ноември 2024 година, во Котур Кафе и Филм во Скопје го означивме почетокот на петтото RISE Патешествиe, го одржавме првот состанок и се запознавме со членовите на тимовите кои се дел од петтата генерација на RISE програмата.
Настанот ја означи почетната точка на возбудливото ново, петто поглавје на тимови од млади социјални претприемачи, подготвени да го остават својот печат во светот на социјалното и зеленото претприемништво.
На отоворениот повик имавме 33 апликации, од кои за ова петто RISE патешествие одбравме осум тимови со силна мисија: Green Graphene (трансформирање на отпад од кафе во графен), Mindful Young Leaders (зајакнување на младите преку лидерство и свесност), Open Atelier (креативни работилници за возрасни лица), Horizon (платформа за интерактивно учење за деца), Inclusive Voices (радио емисија за раскажување на приказните и искуствата на лицата со попреченост), BIO-RICE+ (одржливи, биоразградливи производи од ориз), Raat Mesto (еко-туризам кој ја спојува културата и природата) и Ruvo (втора шанса на парчиња облека кои имаат потенцијал да постанат текстилен отпад).
Покрај запознавањето, го одржавме и првиот тренинг преку кој тимовите беа запознаени со суштината на социјалното претприемништво, неговото влијание врз општеството како и активностите во патувањето кое следи.
Секој од овие тимови е дел од големата RISE заедница – мрежата на социјални претприемачи посветени на решавање на најважните предизвици во светот.
Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (С. Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).