Завршна конференција на проектот „Паркури за иднината“ image

Завршна конференција на проектот „Паркури за иднината“

На 30 септември 2025 година, од 17:00 до 18:30 часот (CET), ќе се одржи онлајн финалната конференција на Еразмус+ проектот Паркури за иднината (ПАФФ). Настанот ќе ги обедини партнерите, како и голем број на едукатори и професионалци од Европа во дискусија за тоа како младите можат да се подготват за предизвиците кои ги сервира иднината на пазарот на трудот.

Конференцијата ќе стави акцент на трите главни теми на кои проектот работеше: одржливост, дигитална трансформација и родова еднаквост. Преку разговори и панел-дискусија ќе се отвори прашањето како овие теми ја обликуваат работната средина и кои се новите вештини што младите треба да ги развиваат.

Посебно место на конференцијата ќе имаат три исклучителни говорници:

  • Наталиа Калио (European Youth Forum) – со фокус на потребата од комплексни и холистички програми за насочување кои развиваат самосвест и водат кон подобри кариерни избори.

  • Паоло Нарди (EfVET – European Forum of Technical and Vocational Education and Training) – кој ќе говори за новите предизвици и можности во стручното образование и обука на идните генерации.

  • Франческа Пињателли (ITS Academy ICT Liguria) – со осврт на моќта на искуственото и peer-to-peer учење во градење посвесни и посилни кариерни патеки.

📅 30 септември 2025, 17:00–18:30 CET (онлајн, англиски јазик)

🔗 Пријави се: https://attendee.gotowebinar.com/register/738829380778761053.


Проектот „Паркури за иднината“ го предводи Life e.V. од Германија, во партнерство со ARNO (Северна Македонија), Agenzia Regionale per il Lavoro (Италија), Scoala de Valori (Романија), Goethe-Institut и GINNlab (Германија и Италија). Целта е преку методологии на ко-дизајн, поправка и креативна едукација да се поттикнат нови професионални патеки за младите.

Сподели на социјалните мрежи