АРНО домаќин на европскиот состанок од проектот „Паркури за иднината“ image

АРНО домаќин на европскиот состанок од проектот „Паркури за иднината“

На 20 и 21 мај 2025 година, Скопје беше домаќин на партнерскиот состанок од Еразмус+ проектот „Паркури за иднината“, во организација на АРНО. Претставници од Германија, Италија, Романија и Брисел се сретнаа во новоотворениот Центар за поправки на АРНО – „Ништо ново“, каде што разменија идеи, направија рефлексија на паркурите и разговараа за идните активности на проектот.

Во текот на дводневната програма, партнерите учествуваа и во снимање на прилог за утринската програма на телевизија Сител со цел споделување на проектните цели и промоција на есенски настан кој наскоро ќе биде јавно објавен. Посебен фокус беше ставен на развојот на педагошката рамка, со која проектот ќе продолжи да ги инспирира младите низ Европа.

Вториот ден беше резервиран за посета на две средни училишта во Скопје: СУГС „8ми Септември“ и САБА-Приватно средно училиште: Содржина. Посетите овозможија директен увид во образовните практики и начините на работа со младите во локален контекст.


Проектот „Паркури за иднината“ го предводи Life e.V. од Германија, во партнерство со ARNO (Северна Македонија), Agenzia Regionale per il Lavoro (Италија), Scoala de Valori (Романија), Goethe-Institut и GINNlab (Германија и Италија). Целта е преку методологии на ко-дизајн, поправка и креативна едукација да се поттикнат нови професионални патеки за младите.

Сподели на социјалните мрежи