Паркури за иднината – имплементирани во четири средни училишта image

Паркури за иднината – имплементирани во четири средни училишта

Во текот на октомври и почетокот на ноември, Паркурите за иднината „пристигнаа“ во СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“ и САБА – Приватно средно училиште, каде што 115 ученици ги испробаа нашите 14 станици за интерактивно, гејмифицирано учење.
А ако ви звучи познато – да, се сеќавате добро! 👟
Првите скокови ги направивме уште во април со учениците од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Епа, не застанавме таму — продолживме да скокаме, играме и учиме! 💥
„Паркури за иднината“ е иновативна методологија развиена во рамките на Erasmus+ проект, која покажува дека наставата може да биде интерактивна, забавна и насочена кон реалните предизвици на денешницата. Преку паркурите, учениците „скокаат“ од една станица на друга и решаваат реални сценарија поврзани со:
🌍 климатски промени,
💻 дигитална трансформација и
⚖️ социјална и родова еднаквост.
Во секоја станица учениците добиваа предизвик и mindset што ги поврзува со иднината на работните места, одржливите избори и глобалното граѓанство.
Некои од омилените моменти беа:
🍔 создавањето на бургер со најмал јаглероден отпечаток,
🚂 тргнувањето со возот на личната иднина и откривањето дека кариерните патеки не се секогаш праволиниски,
📱 истражувањето на темната страна на паметниот телефон и значењето на циркуларната економија,
👩‍🎨 запознавањето со инспиративни жени кои ја менувале историјата,
💧 размислувањето за балансирани одлуки кога станува збор за користење на водата.
Зошто Паркури? Затоа што веруваме дека можеме да го премостиме јазот меѓу денешните образовни практики и утрешниот пазар на трудот. Паркурите ги поттикнуваат младите да размислуваат критички, да преземаат иницијатива и да се подготват за иднината – со насмевка и позитивна енергија. 💫
Продолжуваме да скокаме кон подобра, поодржлива иднина. 🌱

Проектот „Паркури за иднината“ го предводи Life e.V. од Германија, во партнерство со ARNO (Северна Македонија), Agenzia Regionale per il Lavoro (Италија), Scoala de Valori (Романија), Goethe-Institut и GINNlab (Германија и Италија). Целта е преку методологии на ко-дизајн, поправка и креативна едукација да се поттикнат нови професионални патеки за младите.
Сподели на социјалните мрежи