WB SEA- Младинска алијанса за социјална економија на Западен Балкан image

WB SEA- Младинска алијанса за социјална економија на Западен Балкан

Датум

2020 - 2022

Донатори

Е+ (Европска Комисија)

Партнери

ADP-Zid-Црна Гора (координатор), Diesis Network -Белгија, Mladi Ambasadori -Србија, LENS - Kосово, Partners Albania for Change and Development - Албанија, Cooperazione per lo Sviluppo -Италија, АРНО - С.Македонија и CDP Globus -Босна и Херцеговина.

Клучни зборови

социјална економија, млади, социјално претприемништво, мрежа на социјална економија, регионална соработка, одлив на мозоци

Проектот Младинскa алијанса за социјална економија на Западниот Балкан (Western Balkans Youth Social Economy Alliance) е дел од пошироката стратегија за поддршка за создавање на Младински сојуз за социјална економија на Западниот Балкан. Проектот е една од ретките регионални мрежи посветени на градење на капацитетите на граѓанските организации за промоција, застапување и искористување на социјалната економија како еден од најефективните инструменти за вклучување, охрабрување и создавање можности за младите од Западниот Балкан. Идентификувајќи ја социјалната економија како една од најзначајните алатки за спречување на одливот на мозоци, проектот се стреми да го максимизира потенцијалнот на младите и креира можности за нивно значајно учество преку социјално претприемништво и социјални иновации, придонесувајќи за задржување на младиот талент во регионот.

Поконкретно, целите на проектот се: 

  • Претставување на социјална економија како алатка за прилив на мозоци во Западниот Балкан преку градење на капацитетите на младинските организации за вклучување на социјалната економија во нивното стратешко планирање и позиционирање на нивната работа кон развој на програми и застапување за социјалната економија 
  • Стимулирање на прилив на млади мозоци во Западниот Балкан преку поддршка за креирање на овозможувачка средина за вработување на младите преку претприемништво и социјално претприемништво 
  • Промоција на регионална соработка, градење на капацитети и размена на знаења и добри практики помеѓу Западниот Балкан и Европската Унија за создавање на регионален пристап кон социјалната економија и подобрување на постоечките системи за социјална економија 
  • Поддршка кон економскиот и социјалниот развој на Западен Балкан преку нов стратешки пристап кон социјалната економија и вклучување на младите како носители на промени во контекст на потенцијалното членство на Западниот Балкан во Европската Унија 

Од проектот издвојуваме: Истражување за социјалната економија и младите во Западен Балкан и ЕУ: размена на добри практики и препораки за јавни политики; креирање на Младинската Алијанса за Западен Балкан; Студиска посета: италијанскиот екосистем за социјална економија; Обука за млади фасилитатори во социјалната економија: застапување, градење партнерства и дигитално учење и размена; Креирање на курикулум за социјална економија за младински организации; Школи за социјална економија-врсничко учење и размена на искуство; Регионална конференција за социјална економија во Западниот Балкан.

Истражување: Поддршка на младинското социјално претприемништво во Западниот Балкан и Европа 

Истражувањето ја отсликува состојбата на социјалната економија и улогата на младите на ниво на Европа и Западниот Балкан. Идентификува нови трендови во социјалната економија во ЕУ и дава насоки како Западниот Балкан може да ги искористи и научи од нив за да создаде сопствен модел применлив во секојдневието. Исто така, документот ги истражува потенцијалите на социјалната економија и економските активности на младите и социјалните претпријатија, завршувајќи со заклучоци и препораки за градење поинклузивни и поотворени системи на социјална економија за младите во Западниот Балкан.