Repair Day image

Repair Day

Датум

2024

Донатори

Станете наш поддржувач! Отворени сме за донатори и/или спонзори.

Партнери

Општина Кисела Вода (донатор на просторот) и чекаме други партнери (повелете)

Клучни зборови

Поправка, повторна употреба, одбивање, пренаменување, 4Р, Repair movement

АРНО е поборник за зелена социјална економијa и зад себе има достигнувања и успеси во проекти кои ја промовираат оваа филозофија (како што е проектот  Регионален инкубатор за социјални претприемачи (RISE) и Натпреварот „Зелени идеи“  (кој трае повеќе од една декада). Нашиот моментален фокус е на основање на првиот Центар за поправки во Скопје, промоција на културата на поправки меѓу граѓаните и одбележување на светскиот Ден на поправки (Repair Day).

За  нешто да биде добро и за планетата Земја и за граѓаните, мора да ставаме фокус на концептот на инклузивност и одржливост. И затоа толку многу инсистираме на  култура на споделување (вештини, ресурси) и култура на соработка (анимација на сите граѓани).

Нашата иницијатива за основање на првиот Центар за поправки во Скопје и прославата на Светскиот ден на поправки е само логично продолжение на сè што правиме. Следете ја оваа страница за сите идни активности (видете долу тековни повици и информации)

Исто така, поддржете нè!

Ги каниме потенцијалните донатори/спонзори да ни пристапат ако се заинтересирани на било каков начин да пружат поддршка за културата на поправки и зелената социјална економија за која се бориме со години.
Само со континуирана и конкретна поддршка можеме да имаме Центар за поправки (кој ќе опстои) и одбележување на Светски ден на поправки кој ќе трае долго и ќе прерасне во традиција.

Поддржувајќи ја нашата иницијатива, компании, општини, фондации, организации и поединци можат да се приклучат на АРНО во промовирањето на движење кое ја приоретизира одржливоста, отпорноста, еколошката правда и солидарноста.

Од иницијативата издвојуваме: