Инвестираме во промени image

Инвестираме во промени

Датум

2025 - 2028

Донатори

Европска Унија (DG NEAR)

Партнери

Импакт Европа (European Venture Philanthropy Association) – Координатор, Партнери: Партнерс Албанија (Албанија), Фондација 787 (БиХ), Смарт Колектив (Србија), АДП-ЗИД (Црна Гора), ИЦТ Косово (Косово), АРНО (С. Македонија)

Клучни зборови

Импакт инвестирање, социјално претприемништво, зелено претприемништво, импакт фонд, Западен Балкан, градење екосистеми

И покрај повеќе од една декада меѓународни инвестиции, социјалното претприемништво во Западниот Балкан сè уште не е доволно развиено. Социјалните претпријатија често зависат од грантови, имаат ограничен пристап до финансии и ретко добиваат препознавање надвор од своите заедници. Импакт инвестирањето сè уште е слабо разбрано и недоволно поддржано. Младите претприемачи се соочуваат со одлив на мозоци, невработеност и слаби локални финансиски пазари. Дополнително, корупцијата, економската нестабилност и бавните политички реформи го отежнуваат развојот на импакт претпријатијата (социјалните и зелени бизниси) кои би можеле да понудат инклузивни и одржливи решенија.

Цели на проектот:

  • Подобрување на пристапот до финансии за импакт претпријатија преку нови и постоечки финансиски инструменти.
  • Зголемување на менаџерските капацитети на социјалните претпријатија, кооперативите и организациите кои им нудат поддршка за раст и развој
  • Поттикнување на соработка и создавање заедници на импакт инвеститори на регионално и локално ниво
  • Зголемување на свеста, едукацијата и овозможувачките политики за социјалното претприемништво и импакт инвестирањето во Западен Балкан.

Главни активности:

  • Пристап до финансии: Основање и поддршка на импакт фондови и финансиски инструменти кои обезбедуваат финансиска и нефинансиска поддршка за импакт претпријатија.
  • Изградба на капацитети: Прилагодени обуки, менторство и програми за акцелерација/инкубација за импакт претприемачи и организации за поддршка.
  • Соработка: Регионални и локални настани, вклучување на засегнати страни и создавање заедници на инвеститори за мобилизација на ресурси и градење партнерства.
  • Политики и градење на свест: Дијалог со донесувачите на одлуки, застапување и кампањи за подигнување на свеста за социјалното претприемништво и импакт инвестирањето.

Од проектот издвојуваме:

Една од главните иновации на „Invest for Change“ е истражувањето на одржливи модели на финансирање. Во С. Македонија, АРНО ќе истражува најсоодветни опции за воспоставување на фонд за континуирана поддршка на импакт претпријатија, обезбедувајќи долгорочна финансиска одржливост и намалување на зависноста од краткорочни донаторски средства.