Иновативна зелена економија-настан на 2-ри април image

Иновативна зелена економија-настан на 2-ри април

Што ги поврзува трутовото млеко, тестенините со печурки и филаментот за 3Д печатање од рециклирана пластика? На прв поглед — ништо. Но, во реалноста, тие се заедничкиот именител на една нова, позелена иднина за Македонија. Ова се производите на нашите грантисти во рамките на проектот EICEE, кои докажуваат дека зелената економија не е само нов термин и тренд, туку реалност која ја живеат локалните организации.

Ве покануваме на завршниот настан на проектот каде ќе ги презентираме резултатите и ќе ги запознаете луѓето зад Ековита, Јавор Зрновци и ИНО ТЕХ КЛУБ.

Зошто е ова важно? Моменталниот економски модел во регионот е неодржлив — тој ги троши ресурсите и ја загадува околината. Преку проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“, се фокусиравме на транзиција кон модел кој промовира одржливи производи и ефикасност. Овој настан е созаден пред се да инспирира и охрабри, но и да раскаже за соработката помеѓу граѓанскиот сектор, социјалните претпријатија и локалните власти со цел создавање поддржувачки систем за зелен развој.

Дојдете да слушнеме за предизвиците, да ги видиме производите и да се поддржиме едни со други!

Пријавете се зе за учество до 31.03 до 13ч (прв пријавен-прв услужен). Пополнете ја оваа пријава 

Агенда:

10:00 – 10:30 | Регистрација на учесници
10:30 – 10:50 | Добредојде и вовед – Ирина Јаневска (АРНО)
10:50 – 11:10 | Соработка за успешна и иновативна зелена економија – Општина Кисела Вода
11:10 – 12:10 | Разговори „од прва рака“: Ековита, Јавор Зрновци, ИНО ТЕХ КЛУБ
12:10 – 13:10 | Производи на грантистите, вмрежување и закуска

Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“ е поддржан од Европската Унија, преку програмата за граѓанско општество и медиуми на Западен Балкан и Турција (ИПА 3). Проектот го спроведува ADP-Zid (Црна Гора) во партнерство со CEDRA Split (Хрватска), Deli (Србија), АРНО (С. Македонија), Lens (Косово) и Green Building Council (БиХ).

Сподели на социјалните мрежи