
Студиска посета на македонски и српски социјални претпријатија
На 4-ти и 5-ти март во рамки на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се реализираше студиска посета во Србија и кај нас, на која, покрај останатите учесници, учество земаа и учесниците на Академијата за социјална економија.
Во рамки на посетата, учесниците го посетија социјалното претпријатие „Раданска Ружа доо“ во Лебане, Србија каде беа топло пречекани од вработените со можност и за дегустација на производите кои ги подготвуваат во кујната. Учесниците имаа можност да ја видат кујната во која се произведуваат производитe, рачната обработка на овошјето и зеленчукот, и подготовка на производите на обични шпорети во мали тенџериња. Учесниците слушнаа сведоштва на вработените според кои секоја тегла во таа заедничка кујна ја пренесува енергијата и посветеноста, грижата и вниманието на секоја една жена што е вклучена во процесот.
По посетата на „Раданска Ружа“ учесниците беа на органзирана тура со локален водич во Јустинијан Прима (Царичин град), археолошки локалитет кој се наоѓа во општината Лебане и е класифициран како недвижно културно богатство од исклучително значење.
Вториот ден од студискaта посета беше посветен на самите учесници од Академијата. Групата го посети имотот на Фросина Лазаревска во Старо Нагоричане, С.Македонија. Таму учесниците има можност да го погледнат руралниот пејсаж, да вкусат домашна пита и ракија, и да честитаат за освоената награда- тракторска косилка со која ќе се врши одржување на имотот на кој, заедно со тимот, одгледува еколошко овошје, зеленчук и јајца. На оваа посета партнерите на проектот заедно со учеснците засадија дрва од кајсија, слива, круша, нектарина и калинка. Трите партнерски организациии на овој проект добија свое дрво и посакаа многу плодови и успеси на социјалното претпријатие.
На учесниците на Aкадемијата за социјалнo претприемништво им беа доделени сертификати за успешно завршени модули и реализирани консултански средби со менторите. Исто така, им беа доделени и календарите кои беа промотивен материјал изработен во рамките на овој проект. Календарот, преку 12-те месеци ги претставува 12-те идеи за социјални претпријатија на учесниците, со краток опис и QR код за дополнителна промоција на нивната работа. Секој месец се одбележува со славење на нивната мисија да создадаат подобар живот и посилни заедници во двете сосетски земји.
Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се спроведува во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и Tраг фондација (координатор) финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).