Во Македонија се креира регистар за младински социјални претпријатија image

Во Македонија се креира регистар за младински социјални претпријатија

АРНО е ангажирано да работи на создавање на регистар за социјални претпријатија*( со фокус на -млади-) и праќа апел до колегите и јавноста да помогнат во прибирањето на податоци. Овој регистар е една од главните активности на проектот SOCIAL ENTREPRENEURSHIP FOR YOUTH EMPLOYMENT – СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ, имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија (Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM). Регистарот ќе служи како алатка за споделување на нови информации, можности и финансирања, и има за цел да помогне за создавање на подобар екосистем. Секој кој има информација, треба да пополни еден од прашалниците: 
💡Регистар за идеиhttps://forms.gle/8UDR8H1vaukb8GYR7
⚙️Регистар за постоечки ентитетиhttps://forms.gle/kMXxu4eb77eG7Woq8

* Во овој процес работиме според генералната дефиниција земена од Стратегијата за соц.претпријатија: “социјално претпријатие се дефинира како оператор во социјалната економија чија главна цел е да има општествено влијание преку обезбедување на добра и услуги на пазарот на иновативен и претприемачки начин, својата добивка ја користи првенствено за да оствари општествени цели, а со него се управува партиципативно со вклучување на вработените, потрошувачите и заинтересираните страни кои се под влијание на неговите активности“. Нашата цел засега е да измапираме што е можно повеќе ентитети, па после тоа ќе ги филтрираме добиените одговори.

„Иако ова е мал и почетен чекор, сепак посочува на граѓанската одговорност да се придонесе кон процесите. Многу ни значи поддршката од граѓаните и колегите,  затоа што сакаме да креираме сеопфатна, транспарентна дата-база, наспроти лимитирачка, базирана на лични пријателства и претпоставки. Идејата на дата базата е во следната фаза да овозможи контакт и информација за грантови поддршки и обуки. Потребна ни е помош од сите, и очекуваме секој кој има информација да ја внесе. Ова е во интерес на сите. “

 

Сподели на социјалните мрежи