(Оглас за работа) АРНО е во потрага по нов/а член/ка во тимот image

(Оглас за работа) АРНО е во потрага по нов/а член/ка во тимот

(Напомена: Огласот е долг бидејќи вистински сме во потрага по најсоодветен колега/колешка, има неколку секции- читајте до крај.Доколку вистински ве мотивира огласов, не грижете се и да не исполнувате некои од условите, аплицирајте само бидете искрени целосно.)

Бараме нов/а член/ка на тимот кој/а ќе ни помогне во развој и имплементација на регионалните и меѓународни програми зa социјално и зелено претприемништво и социјални иновации. Зошто? Затоа што забележавме дека имаме поголема динамика во RISE проектот каде во фаза на идеација имаме 7/8 тима годишно, имаме Е+ проекти на овие теми со сериозни партнери и сакаме сериозно да им се посветиме (треба да менаџираме доста интелектуални трудови, да одиме по состаноци, да бидеме иновативни…). И ни доаѓаат и други поголеми проекти, па сакаме да се екипираме.  За почеток ангажанот ќе биде пробен, и средствата ќе бидат согласно знаењето и условите на донаторот. Но, имајќи предвид дека (некако и брзо:)) растеме сакаме да имаме колега/колешка кој/а ќе има желба и мотив да расте со нас (и во капацитет и во соодветен надомест). Поради сето ова, потребен ни е тимски играч кој има:

  • Верба во социјалните и зелените бизниси и младите луѓе од Македонија (вистински да верува и да ги поддржува, не само декларативно)
  • Мотивација да поддржи и поврзе млади луѓе и бизниси со своето знаење, искуство и ентузијазам (желба да подучува, постојана комуникација (телефон, состаноци), динамичен пристап, работа и надвор од канцеларија, присуствување и на други настани)
  • Желба постојано да напредува и да се надградува (став: сакам да научам)
  • Проактивен пристап кој носи новитети, добри пракси и партнерства (љубопитност, желба да се чујат/донесат нови работи тука)
  • Флексибилност и агилност за решавање предизвици (тимска работа, надополнување таму каде што треба помош (мала организација сме))
  • Желба за патување и запознавање нови луѓе (сериозни сме дека ќе има патувања, и тоа чести, имајте ова предвид)
  • Претприемачки мајндсет и филантропско срце (малку сенс надвор од проектен менаџмент, квалитет на работа исто како да се пласира нешто пазарно (не само за пред донатори), и добрина- за во ситуации кога има помалку бизнис елементи да препознае човечлук)
  • Креативност (убаво би било да знае да комуницира преку социјални мрежи, да пишува текстови од одржани настани, па и свои креативи да прави (имаме Canva Pro и in-house опрема за снимање)
  • Визија за професионален раст и развој во Македонија (да планира да е тука во наредните години, рамо до рамо со тимот)

Општи квалификации (Доколку вистински ве мотивира огласов, не грижете се и да не исполнувате некои од квалификациите, аплицирајте и бидете искрени)

  • Високо универзитетско образование, по можност во полето на општествените науки
  • Искуство од областа на претприемништво, социјално/зелено претприемништво, стартапи, идеација, инкубација, натпревари, хакатони и сл.
  • Најмалку 3 години искуство во работа на проекти финансирани од меѓународни донатори
  • Покрај менаџирање на програми, искуство и во испорачување на обуки (идеација, инкубација) на (зелени/социјални) стартапи.
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирањето и имплементирањето проектен циклус (раководење на проектна документација според стандарди и правила на донатори, педантност, навременост, ефикасност, ефективност)
  • Искуство во осмислување и организација на (оналјн и офлајн настани): работилници, pitch-увања, прогласувања победници, инфо сесии. Ни треба поддршка за настани (особено логистичка) во имплементацијата (логистика, ама со око за детали и перфекционизам)
  • Одлично познавање на MS Office, IT алатки  (ZOOM, slack, календар, google drive и сл.), и многу посакувано – да владее дизајн алатки.
  • Напредно познавање (работно ниво) на англиски јазик во пишана и усна коресподенција

Искуство и вештини (Доколку вистински ве мотивира огласов, не грижете се и да не исполнувате некои од искуствата и вештините, аплицирајте и бидете искрени)

  • Неопходно искуство во имплементација на долгорочни програми и проекти поддржани од меѓународни донатори;
  • Искуство во имплементација на проекти и програми со фокус на претприемнички вештини, стартапи, социјални претпријатија
  • Неопходно искуство во финасиски менаџмент, креирање и имплементација на буџети за проекти;
  • Неопходно искуство во организациски менаџмент;
  • Неопходно искуство во иницирање и подготовка на проекти и иницијативи (осмислување концепти, програми и пишување и развивање проекти);
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите,  посветеност кон организациските цели и вредности, како и целите на организацијата;
  • Способност за самостојна и тимска работа и комуникација со партнери и донатори
  • Силна мотивација и ентузијазам
  • Способност за работа под притисок и крајни рокови
  • Креативност, иноватовност и out-of-the-box размислување

Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:

  • Претприемнички мајндсет
  • Докажани успеси и постигнувања, видливи резултати во полето на работење со (социјални/зелени) претпријатија
  • Докажани успеси и постигнувања, видливи резултати во работењето со млади, со тимови, инкубациски програми, натпревари
  • Претходно работно искуство со проекти финансирани од ЕУ програмите ќе се смета за предност.
  • Визија за долгорочно ангажирање и придонес во АРНО, исти вредности со АРНО

Опис на работната позиција:

  • Поддршка на АРНО за координација на активностите во делот на социјално/зелено претприемништво и јакнење на капацитети на младите,  имплементација на активности кои допринесуваат кон постигнување на оваа стратешка цел на организацијата.
    Види: проект RISE (првенствено), како и комплементарни Еразмус +  проекти за социјални иновации, филантропија, социјална и зелена економија и млади.
  • Задолжен/а за целосна и навремена имплементација на проектните и програмските активности и за постигнување на предвидените цели на програмата за работа на организацијата;
  • Координација на административните и оперативните текови во согласност со дефинираните организациски цели и стратегии;
  • Учество во подготовка на релевантни проектни апликации и обезбедување на фондови за надградување на проектите;
  • Одржување и градење партнерства со релевантни национални и меѓународни чинители;
  • Учество и претставување на организацијата на конференции, обуки, состаноци  и други настани во и надвор од земјата;
  • Самостојна организација на (онлајн/офлајн, национални/меѓунардони) настани (концепција на програма, логистика, вмрежување и др.)
  • Промоција на проектите, проектните цели, вредностите на организацијата
  • Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.

Услови за работа:

  • Првите три месеци кандитатот ќе биде ангажиран на платен пробен период на половина работно време (4 часа на ден, 20 седмично), а по потреба и повеќе (кое ќе биде соодветно финансиски компензирано)
  • Надомест: во зависност од искуството и договорениот обемот на работа (хонорарен ангажман)
  • Позицијата предвидува и чести службени патувања во регионот и Европа (некогаш и неколку во месец)

Очекуван датум за почеток со работа: 16 јануари 2023 (можни се измени).

Доколку кандидатот ги задоволува стандардите на работа на АРНО, после пробниот период ќе му/и биде понудена и позиција на целосно работно време и соодветно зголемување на надоместот и другите бенефиции како дел од тимот на АРНО.


Начин на пријава: 

  • Испраќање на CV (со истакнати релевантни искуства за позицијата) и кратко мотивационо писмо (максимум 500 зборови), најдоцна до 18 декември 2022 на arno.mkd@gmail.com

Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на тестирање* и интервју. *До сега многу пати сме верувале на се’ што пишува во CV, па мора кратки тестови (не се страшни и остануваат меѓу нас, после процесот на аплицирање ќе бидат избришани, нека не ве обесхрабруваат, напротив!).

АРНО е организација која нуди еднакви можности за вработување, обезбедува инклузивна средина, промовира и почитува различности. Доколку ги имате соодветните квалификации и имаме исти вредности, аплицирајте! (или препорачајте на соодветни кандидати).

Сподели на социјалните мрежи