“Договор за почвата за Европа” – настан во Скопје image

“Договор за почвата за Европа” – настан во Скопје

На 13ти јуни 2024 година, во Europe House Skopje, во рамки на проектот NATI00NS, се одржа настанот за Европската мисија за заштита на почвите и можностите за финансирање на проекти од оваа област, кој беше во организација на здружението Yes for less во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје и Институтот Biosense – Србија.

Во воведниот дел од настанот Ирина го презентираше натпреварот Зелени идеи и користејќи ја метафората на јаболкото со планетата земја и обработлива површина (мини-квиз), таа посочи на малото делче обработлива почва кое останува, а е многу мало за прехранување на 9 милијарди луѓе, и затоа треба да сме сме свесни и претпазливи во управувањето со почвите.

 

 

 

 

 

На панел дискусијата насловена „Одржливи наспроти конвенционални земјоделски практики кај нас: можности, препреки и како тие влијаат врз здравјето на почвата“, учествуваа претставници од Земјоделски институт како експерти од областа на земјоделството,  двајца производители и поборници за одржливо земјоделство, како и Ирина Јаневска од АРНО, поддржувачи на зелено социјално претприемништво и минатогодишни организатори на настанот. Во панел дискусијата Ирина сподели локални и меѓународни примери на агротуризам (берење јагоди во Виена, бавен туризам во Албанија (Мризи и Занаве), урбани градини во напуштени фабрики, аеропонски систем на одгледување на билки (заштита на почва), и други зелени бизниси кои се грижат за здравјето на почвата, а носат профит.

Европската Унија во 2021 год. ја започна амбициозната мисија „Договор за почвата за Европа“ која има за цел до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници (Living labs and Lighthouses), кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата. Проектот NATI00NS има за цел да помогне во спроведувањето на гореспоменатата мисија, пренесувајќи клучни пораки за подигнување на свеста, како и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата.

Во Македонија, АРНО го организираше настанот за прв пат минатата година. Повеќе информации за минатиот настан можете да најдете овде.

 

 

Сподели на социјалните мрежи