Design Thinking обука за млади социјални претприемачи
Во рамки на RISE проектот, во периодот од 5ти до 7ми јуни, АРНО организираше обука за млади социјални претприемачи за запознавање со концептот на design thinking. Вкупно 20 млади луѓе од секој дел од земјата учествуваа на интерактивни сесии кои се одржаа во младинскиот центар „Матично“ при општина Центар во Скопје.
Design thinking е релативно нов концепт кој тешко се преведува на македонски јазик, но е методологија која на социјалните претприемачи им нуди алатки како да размислуваат како дизајнери, како да соработуваат и како да иновираат.
Што се случуваше во рамки на обуката?Се имлементираа: серија на креативни вежби ( 4 случајни зборови, 6 шапки за размислување, брејнсторминг), кратки предавања (Вовед во Социјално претприемништво преку Бушава Азбука, вовед во Design Thinking, сесија за бизнис канвас модел за социјални зелени претприемачи), еднодневен иноватон ( хакатон за зелени социјални бизнис идеи), енерџајзери и игри за привилегии, игри за емпатија (Чевелот на другиот), тим билдинг активности (Кула од шпагети) и панел со успешни RISE социјалани претприемачки (Марија Бургиева- О-Круг, Камелија Костовска -SWAP).
Што ќе се случува по обуката? Сите учесници се поканети да аплицираат со свои идеи во новото RISE Journey кое се очекува да почне во средината на септември. Според пополнетите евалуации учесниците велат дека се инспирирани и мотивирани да ги применат стекнатите знаења и да соработуваат во нови иницијативи. Во последниот ден од обуката, методот на 6 шапки беше искористен за анонимна евалуација и со тоа организаторите имаа увид кој биле најкреативните моменти (зелена шапка), кои факти/знаење ги стекнале учесниците (бела шапка) и итн.