„Потенцијалот на Социјалната Економија на Западниот Балкан” – Завршна конференција во Подгорица
Завршната конференција од проектот Младинска Алијанса за Социјална Економија на Западниот Балкан насловена „Потенцијалот на Социјалната Економија на Западниот Балкан”, се одржа од 12-14 декември во Подгорица, Црна Гора. Марјан од АРНО беше дел од главните говорници и модератори, презентирајќи ја ситуацијата со младите и социјалната економија во С.Македонија. На покана на АРНО, како дел од говорниците беа и Александра Илоска од „Асоцијација Паблик”, Jулија Геровска од Општина Центар, Скопје и Ана Марија Павлова, ко-основачка на социјалното претпријатије „КАМП” од Штип, кои ги презентираа нивните успешни социјални претпријатија и иницијативи во социјалната економија.
На конференцијата учествуваа повеќе од 70 учесници од Западниот Балкан и ЕУ, кои разговараа како да се искористи и максимизира потенцијалот на социјалната економија и главната улога кои младите треба ја играат. На конференцијата се претставија и споделија добри практики oд ЕУ и Западниот Балкан. Говорници од владини институции, општини, мрежи во социјалната економија, невладини организации, практичари во социјалната економија и млади социјални претприемачи ги презентираа нивните приказни и искуства носејќи нова инспирации и нови, иновативни начини на соработка во социјалната економија помеѓу Западниот Балкан и ЕУ во склоп на новите ЕУ политики насочени кон Западниот Балкан.
“Конференцијата беше одлична можност да се воспостави повизионерска и долготрајна соработка помеѓу актерите во социјалната економија од Западниот Балкан и ЕУ. Примерот на социјалната економија како еден од столбовите за социо-економски развој на ЕУ и веќе jaк партнер во европската економија, треба да се следи и од земјите од Западен Балкан, посебно имајќи ги предвид збогатените ЕУ политики за социјална економија за регионот. Драго ми е што гледам потенцијал и ентузијазам во оваа меѓународна мрежа, и се надевам дека ќе стане силен актер во социјалната економија во регионот” -изјави Марјан од АРНО