9. АРНО беше домаќин на конференцијата „Социјално претприемништво без граници: можности за соработка“
Конференцијата „Социјално претприемништво без граници: можности за соработка“ се одржа на 08 октомври во Скопје. Конференцијата ја отвори г-а Барбара Садовска од фондацијата Барка од Полска (координатор на проектот) која ја го претстави системот на социјално претприемништво во Полска заедно со гостите кои доаѓаа од полски институции. Целта на оваа сесија беше да се обезбеди видливост на улогата на локалните општини во зајакнувањето на социјалното претприемништво/јавните набавки и да се споделат добри практики во дадениот контекст.
Вториот дел од конференцијата беше посветен за презентирање на македонски социјални претпријатија. На последната сесија на конференцијата се одржа панел на кој учествуваа истакнати експерти: г-а Софија Спасовска (Министерство за труд и социјална политика Скопје), г. Михал Листвон (заменик градоначалник на Кробија/Полска), г-н Герард Мизиајк (директор на работилницата за лица со попреченост од Пијаски/Полска). Модераторот на панелот г-а Никица Кусиникова (Конект) им постави прашања на панелистите кои придонесоа за дискусија за создавање можности за развој на СП, со аспекти на законодавството, структурите за поддршка, системот на финансирање, јавните набавки. Панелот беше проследен со отворена дискусија со сите учесници на конференцијата и заврши со кратко резиме и ја охрабри можноста за вмрежување помеѓу учесниците.