„Социјално претприемништво без граници: можности за соработка“- нов проект и нови можности
АРНО во 2019 стана дел од меѓународниот проект„Социјална економија без граници (Social Economy without borders) “, кој го спроведува Фондацијата „Барка“ од Полска и нејзините партнери од Вишеградскиот проект: Општина Кробија (Полска), „Армијата на спасот/Salvation Army“ (Чешка) и општина Ревфолуп (Унгарија). На национално ниво АРНО ја има улогата на координатор, но е во партнерство и со локалните органзиации: Здружение „Солем“, „Љубезност“, „Мисла“, Центар за поддршка на граѓани „ЦИП/ SIEC“, АХП Прилеп.
Проектот придонесува кон зголемен фонд на знаење и искуства од областа на социјалното претприемништво, постоечки правни форми на социјални претпријатија, извори на финансирање на социјални претпријатија, клаузули во јавните набавки, градење на неформална меѓународна платформа за размена на добри практики. Првата проектна активност беше еднонеделна пракса и семинар што беа организирани во Полска во септември 2019 година со цел размена на добри практики за социјално претприемништво во рамките на 4-те земји партнери. На ист начин, проектните партнери сакаат да продолжат со размената на знаење околу добрите практики, обидувајќи се да ги откријат најдобрите решенија, како и најтешките предизвици за иден развој на социјалната економија и економијата на солидарност во регионот.