Скопје домаќин на третиот RISE регионален форум за социјални претприемачи image

Скопје домаќин на третиот RISE регионален форум за социјални претприемачи

Од 12-ти до 14-ти септември, Скопје беше домаќин на третиот RISE регионален форум за социјални претпријатија, значаен настан во нашиот свет на социјалното претприемништво, организиран од RYCO (РИКО). Регионалниот форум за социјални претприемачи беше тридневен настан со фокус на улогата на системите за поддршка и правните структури во зајакнувањето на социјалното претприемништво, и платформа за промовирање на лицата на социјалната економија (нашите RISERs). Регионалниот форум RISE е составен дел од проектот Регионален инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржан од L’Agence Française de Développement (AFD), Европската Унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO/РИКО) и Франко – Германска канцеларија за млади (ОFAJ). Во рамки на RISE, АРНО делува како локален инкубатор, работејќи заедно со партнерите од другите земји од Западен Балкан за спроведување на сеопфатна програма насочена кон поттикнување на млади социјални претприемачи.

Саемот на социјални претпријатија и заложби за социјалната економија

Форумот започна со традиционалниот саем на кој присуствуваа повеќе од 50 социјални претпријатија од регионот, прикажувајќи ги своите производи и иновации. Овој настан беше организиран од РИКО во соработка со партнерите од проектот „Поддршка за развој на социјалните претпријатија“, кој пак е поддржан од Министерството за труд и социјална политика на С. Македонија, Амбасадата на Република Полска во Скопје и Пакомак. Саемот имаше огромно значење, бидејќи служеше како платформа за клучните носители на одлуки да ги изразат своите заложби за социјалната економија и да ја потврдат својата посветеност за социјалната економија. Меѓу оние кои ја дадоа својата поддршка беа г-а Јована Тренческа, министерка за труд и социјална политика; Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ; Н.Е. Кирил Баумгартнер, амбасадор од Франција; Н.Е. Кшиштоф Грзелчик, амбасадор од Полска; Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт; г. Алберт Хани, генерален секретар на RYCO; г-а Барбара Садовска, тим лидер на „Проектот за поддршка на развојот на социјалните претпријатија“; и г-н Филип Иваноски, извршен директор на Пакомак. Нивното присуство и заложби го направија саемот повлијателен.

Улогата на АРНО и осврт на проектот EICEE

Како локален RISE инкубатор, АРНО одигра значајна улога и постигна значителна видливост за време на настанот. Тимот на АРНО ги претстави минатите и тековните проекти, вклучително и успешните приказни кои произлегуваат од националниот натпревар – Зелени идеи, се споделија материјали од проектот „YouCanBe“ (Прирачник за социјални претпријатија), новата брошура која го промовира концептот на „Паркури за иднината“, како и осврт на претстојниот проект „Coolinari4Impact“ финансиран од ЕУ (кој предвидува подготовка и продажба на ѓевреци и крофни) и се делеа садливи картички со семиња од пркос произведени од поранешен победник на националниот натпревар – Зелени Идеи.

Со оглед на централната природа на овој настан, АРНО ја искористи можноста да го промовира проектот „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан (EICEE).” Овој проект е финансиран од Европската Унија и поддржан од шест партнери од регионот, меѓу кои и АРНО. Саемот обезбеди одлични можности за вклучување на целната публика на проектот, инспирирајќи го Александар Богоевски, координатор на проектот EICEE, да спроведе брзо истражување во врска со активностите на проектот, како што се отворањето на Регионален центар за подигање на свеста со студио за подкаст и грантовата шема.

„Тоа е она што ни треба, вистински контакт со нашата целна група“, истакна Александар Богоевски, локален координатор на EICEE. „Значи, ја искористивме можноста да ги прашаме постетителите, кого сакаат да видат и слушнат во нашите идни подкасти како дел од проектот EICEE? Кои се лицата на зелената економија со кои би сакале да се сретнат? Што е инспиративно? Беше одлично да се видат многу одговори. Луѓето ги спомнаа „Рето Надеж“, „In-Vivo“ (Работна интеграција на бездомниците преку производство на био хумус), „Мама Органа“ (локален, зелен и социјален бизнис што обезбедува работа на семејства со самохрани родители преку продажба на органски ѓубрива), О-Круг (победник на Националнот натпревар зелените идеи) – младински иницијативи кои произведуваат есенцијални масла од отпад, кои меѓу другите состојки користат и кори од портокал). Сите овие се иницијативи на кои дефинитивно би им пристапиле како дел од проектот“.

Обединување на гласовите за посилна социјална економија

Форумот продолжи во поексклузивен формат, обединувајќи ги клучните актери од социјалната економија. Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања на Северна Македонија, г-н Фатмир Битиќи и генералниот секретар на РИКО, г-н Алберт Хани, во своите воведни обраќања искажаа поддршка и посветеност на оваа економија во развој.

Во „нултата сесија“, насловена како „Актуелни состојби на социјалната економија на Западен Балкан“  учествуваа експерти и претставници од регионот кои ги презентираа актуелните случувања во регионот. Панел дискусијата, „Социјална економија: европски перспективи и препораки за локалните актери“, модерирана од Џанлука Пасторели од европската мрежа Diesis (чија членка е и АРНО), вклучи согледби од г-а Вера Стробачова Бадвеј – службеник за економски прашања во ОБСЕ , г-а Кели Робин, заменик директор на Groupe SOS Pulse (член на конзорциумот RISE) и г-а Барбара Садовска, тим лидер на „Проектот за поддршка на развојот на социјалните претпријатија“.

Во следните делови од форумот, концептот на “живи библиотеки (living libraries)” им овозможи на учесниците поблиску да се запознаат со говорниците и актерите во социјалната економија. На последната сесија, „Обединување на гласовите за посилна социјална економија на Западен Балкан“, која се одржа  во форма на округла маса, присутните дадоа директни препораки и споделија размислувања во врска со состојбата со социјалната економија на Западен Балкан.

Последниот ден од Форумот го одликуваше наградата RISE Alumni, како кулминација на настанот. Победници на натпреварот беа  Харун од „Droplet“, со мобилната апликација која ја поедноставува регистрацијата и бројот на крводарители во Босна и Херцеговина,  и Катарина од „Women on the Way“, со српското социјално претпријатије кое прави работна интеграција на жени бегалки преку идеја за одржлива мода. Двата победници добија по 5.000 евра финансиска поддршка за понатамошен развој на бизнисите.

Третиот RISE регионален форум за социјални претприемачи  во Скопје ја покажа моќта на социјалното претприемништво како катализатор за социјален и економски раст на Западен Балкан. Тоа беше собир за славење на новите идеи, силната посветеност на луѓето и организациите кои напорно работат за да направат подобра иднина.

Наши поддржувачи
Rockefeller European commission UNFPA UNDP Social Impact Award Erasmus RYCO French Developement Agency Национална Агенција за образовни програми и мобилност МК