ПОВИК ЗА УЧЕНИЦИ: Пријави се за да бидеш дел од интересен проект и член на АРНО!
Новите генерации ученици треба да учат за новите бизнис модели кои го рефлектираат социјалното претприемништво и инвестирањето назад во заедниците преку корпоративна општествена одговорност и филантропија. Проектот SEED е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Преку проектот SEED, во период од 24 месеци, младите луѓе ќе учат основни вештини за водење бизнис, а исто така ќе учат и за филантропија, креативност, лидерство и тимска работа. Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те партнерски училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија). Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земји и граѓанската организација „GoGreen Belgium“ од Белгија, и истиот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус +.
Што се очекува од мене?
Очекуваме да придонесеш со твојата позитивна енергија и љубопитен ум, и да учествуваш во обуките:
- „Вовед во социјално претприемништво и општествена одговорност на претпријатијата“ онлајн, 01-05 февруари 2021
- „Маркетинг за социјално претприемништво“, во Хрватска (или онлајн), 5-дневен настан
- „Прибирање на финансиски средства за социјални претпријатија“ во Литванија (или онлајн), 5-дневен настан
- „Одржливост на социјалните претпријатија“ во С. Македонија (или онлајн), 5-дневен настан
Покрај учеството на обуки од тебе ќе се очекува помош во:
- Организација на локални активности и учество во иницијативи на АРНО
- Промовирање на активностите на АРНО преку пишување на текстови, објави на социјални мрежи итн
ВАЖНО: Сите трошоци за учество во проектот се покриени од страна на АРНО.
Кој може да аплицира и како?
- Може да аплицира секој што е средношколец
- Секој кој е во можност да разговара и да комуницира на англиски јазик
- Секој кој има желба да учи нови работи и да стекне нови вештини
- Секој што има интерес за социјалното претприемништво
- Секој што има желба и можност да патува
- Секој кој е запознаен со работата и вредностите на АРНО и сака да стане член на организацијата (ама вистински да ти се допаѓа нашата работа и да сакаш да си дел од тимот:))
Аплицирањето е преку испраќање на CV и кратко мотивационо писмо (една страница) во кое ќе ја опишете вашата мотивација да бидете дел од проектот и АРНО, најдоцна до 25 јануари 2021 година на arno.mkd@gmail.com
Како се одвива процесот на селекција?
- Прво ќе ви испратиме емаил за потврда дека вашата апликација е примена.
- Можеби ќе бидете поканети на краток разговор.
- Во случај да бидете одбрани, ќе бидете информирани преку email и телефонски повик.
- Првата обука е од 1-5 февруари, па бидете на готовс 🙂
Погледни го повикот во PDF
Заследи ги профилите на проектот на социјалните мрежи: Фејсбук, Инстаграм