
Ова е мојот Балкан – кулинарски тури и кул сувенири за промоција на интеркултурно учење и дијалог
„АРНО“ заедно со својот партнер од Босна – БХКрафтс, од декември 2019 год. го спроведуваат проектот „ОВА Е МОЈОТ БАЛКАН – кулинарски тури и кул сувенири за промоција на интеркултурно учење и дијалог“. Проектот го користи пристапот на интеркултурализам, во рамките на младинското социјално претприемништво – користејќи ја културата и традицијата за активно учество на младите, за тие да ги развијат своите вештини за вработување преку патување и учење, истовремено подигајќи ја свеста за интеркултурниот дијалог.
Со спојување на социјалното претприемништво и интеркултурното учење, влијанието на проектот е повеќекратно, и во пошироката јавност и кај младите. Целта на ова дружење и размена е да се стимулира интеркултурен дијалог меѓу младите луѓе од две земји, да се зближат и да се поттикнат да користат креативност и социјално претприемништво како двигател. Важно е да се зајакне креативноста, активното граѓанство и да се подигне свеста за меѓукултурните прашања, промовирање на дијалог, користејќи културно претставување (се што е поврзано со обичаи и храна), како и подигнување на свеста за потенцијалниот економски развој меѓу поширокото општество.
Овој проект се спроведува со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и Фондот за градење на мирот на Обединетите нации UNPBF и ќе трае во периодот од 01.12.2019-01.09.2020 година.