Конференција за социјално претприемништво во Кипар image

Конференција за социјално претприемништво во Кипар

Во рамките на препознавањето на улогата и продонесот што АРНО го има во областа на СП, Ирина Јаневска беше поканета да се обрати на Конференцијата „Екосистем на социјално претприемништво, примери и добри практики“што се одржа на 2-3 декември, Кипар. Конференцијата беше организирана од Кипарската комора за трговија и индустрија и Генералниот директорат за европски програми, во рамките на ко-финансираниот проект Интеррег Балкан Мед и иницијативата „Региони на европска социјална економија“ на Европската комисија.

Настанот имаше за цел да обезбеди преглед на екосистемот за социјално претприемништво на европско ниво и да претстави некои добри практики и примери на социјално претприемништво. Конференцијата беше насочена кон креаторите на одлуки и политики, локалните власти, непрофитни организации, невладини организации, студенти, како и сопственици/менаџери и стручни обучувачи. По покана на колегите од Асоцијацијата за менаџмент и конслатинг за консултантски менаџмент „МКА 2000“, Ирина им се обрати на присутните со презентација на националниот контекст на развој на СП, успешни приказни меѓу кои беше истакнат потенцијалот и креативноста на зелените бизниси.

Сподели на социјалните мрежи