
YOU CAN BE
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Партнерите се вклучени во активности за промовирање на социјална инклузија преку работа со млади луѓе кои што не се вработени и не се вклучени во образование или обука (NEETs/НЕЕТ). Овие млади луѓе често се среќаваат со академски, општествени и економски потешкотии. Конзорциумот на проектот ги поддржува овие млади луѓе. Во рамки на проектот ќе се развијат нови пристапи, различни педагошки методи од академскиот свет, „учење преку правење“ и сл. Во проектните активности ќе се вклучат различни корисници, со цел да се работи на социјална инклузија со пристап до разновидни таргет групи. Промоција на претприемништвото кај младите е еден од начините да се подобри нивната вработливост.
Активности во проектот:
-Четири состаноци на партнерите
-Три резултати од проектот:
1. Изработка на прирачник со иновативни активности за промовирање на претприемништвото кај младите од 16 до 25 години.
2. Изработка на програма за ментори
3. Изработка на европска работилница за млади кои имаат претприемничка идеја
–Четири обуки:
1. Обука на младински работници за да научат како да имплементираат активности од прирачникот во Франција
2. Обука на ментори во С. Македонија
3. Прва европска работилница за млади во Литванија
4. Втора европска работилница за млади во Романија
– Форум за повратни информации во соработка со STARTNET
– Четири мали конференции во Литванија, Романија, Хрватска и С. Македонија
-Завршна конференција во Нантес со сите Европски партнери
Од проектот издвојуваме: Во процес на работа, останете во тек