<SWAYED>Обликување на иднината на работата: младинска демократија на работните места за социјални промени image

Обликување на иднината на работата: младинска демократија на работните места за социјални промени

Датум

2024 - 2024

Донатори

Eразмус+ (Европска комисија)

Партнери

Институт за економска демократија (Словенија) - координатор, АРНО - партнер (С. Македонија)

Клучни зборови

План за сопственост на вработените (EU ESOP), сопственост на вработените, социјални иновации, демократско управување, социјални претпријатија, ИТ бизниси, работна демократија, млади, младинско учество, младинско охрабрување, иднината на работата, социјална економија

Проектот цели да претстави нови модели на управување на претпријатијата на 21 век, со фокус на ИТ и социјалните претпријатија и младинските организации, со цел создавање инклузивни и пријателски работни средини за младите. Проектот ќе се обиде да го зголеми демократското учество на младите во управувањето со претпријатијата во Словенија и С. Македонија и да пренесе знаење во македонскиот екосистем за новите модели на социјална економија како што е Планот за сопственост на вработените (EU ESOP). EU ESOP е модел кој им дава удел на (младите) работниците во сопственоста и моќта на одлучување во претпријатието, што води до поеднакви, праведни и поодржливи претпријатија. Проектот исто така има за цел да ги поврзе Словенија и С. Македонија и да овозможи размена на знаење, алатки и методологии за зајакнување на граѓанското општество и социјална економија во двете земји.

Цели:

  • Анализа на моделите на демократско управување во ИТ и социјалните претпријатија во Словенија и С.Македонија
  • Претставување на EU ESOP како модел за партиципативно управување, социјална правда и одржливост, и креирање на препораки за јавни политики во Северна Македонија и Словенија
  • Изградба на капацитетите на млади претприемачи, студенти и креатори на политики за модели на управување и EU ESOP преку обуки и успешни приказни.
  • Подигнување на свеста за демократско управување и младински модели за социјална инклузија и економски раст
  • Вклучување на младите во донесувањето одлуки и промоција на демократска култура во претприемништвото за решавање на социјалните проблеми

Од проектот издвојуваме: Истражување и мапирање на младинските на моделите на управување во ИТ и социјалните претпријатија; препораки за јавни политики за EU ESOP во Северна Македонија и Словенија; Студиска посета во Словенија; Онлајн програма за градење капацитети за ИТ и социјални претпријатија и младински организации и млади; Форум за млади за EU ESOP и академски предавања.