S.T.R.E.T 2 – Пакет алатки за професори 2
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
S.T.R.E.T TT 2 – Пакет алатки за професори 2, е второ издание на проектот „S.T.R.E.T.-Пакет алатки за професори“ кој цели да ги подобри и процени главните компетенции на професорите преку изработка на водич за креирање на рамка за компетенции кој ќе го охрабри нивниот понатамошен развој и ќе ги збогати образовните програми и практики за социјално претприемништво во средните училишта. Проектот исто така се потпира на дигиталните алатки и дигиталното учење на професорите и учениците преку користење на платформите SELFIE и Dig.Comp.Edu, како и други интерактивни дигитални алатки и платформи (како slack, g-drive, padlet, canve, we video, voice thread, mentimeter, answer garden, blogger, и др.) за самопроценка на учениците и рефлективно учење. Покрај ова, проектот цели да ги подобри главните компетенции на професорите преку иновативен курикулум за претприемачко образование составен од концептите за социјално претприемништво, корпоративна општествена одговорност и филантропија, усовршувајќи ги вештините и знаењата на професорите за реализирање на идеи за мали бизниси, училишни компании, социјален импакт, и промоција на социјалната економија и филантропија.
Цели на проектот:
1.Креирање на конзорциум на училишта и невладини организации од ЕУ и Западниот Балкан кој ќе пилотира нов курикулум за социјално претприемништво, корпоративна општествена одговорност и филантропија и ќе поддржи пренос на знаење, вештини и искуство низ различни образовни предмети и сектори помеѓу професорите, едукаторите и самите училишта
2.Креирање на иновативен водич за создавање на рамка за компетенции за професори за проценка и валидација на нивните главни компетенции и вештини и подобрување на образовните програми за претприемништво во училиштата
3.Обезбедување на професорите со нови дигитални вештини и дигитални алатки за рефлективно учење на учениците, подигање на свеста и охрабрување за користење на платформите за едукатори на ЕУ, SELFIE и Dig.Comp.Edu, други пријателски дигитални алатки за младите, како и споделување на резултатите преку платформите School Education Gateway (SEG) и еTwinning.
4.Креирање и имплементација на курикулум за социјално претприемништво, корпоративна општествена одговорност и филантропија во средните училишта и обезбедување на студентите со атрактивно знаење, животни вештини, емпатија, солидарност, и промоција на овие образовни импакт концепти како алатки за создавање на поинклузивни и поправедни општества во екот на глобални кризи и пандемијата со Ковид-19.
Од проектот издвојуваме: Курикулум за претприемачко образование базиран на социјално претприемништво, корпоративна општествена одговорност и филантропија; водич за креирање на рамка за компетенции за професори кои предаваат претприемништво; прирачник за дигитални алатки за професори за рефлективно учење на учениците; job-shadowing; тренинзи од професори за професори; користење на платформите на Европската Унија за едукатори и промоција на резултати: SELFIE, Dig.Comp.Edu, School Education Gateway (SEG), и eTwinning.